X
 14.02.2015 Култура

Бизарни работи кои ги направиле глумците за улога

Некои луѓе мислат дека работата на филмските ѕвезди е лесна - изгледа како да се платени да патуваат низ светот и да зборуваат она што им е кажано, а наградите доаѓаат самите по себе. Но, не е се така сјајно.

Актерите вложуваат доста труд за секоја улога правејќи разни истражувања за улогата која треба да ја глумат. Ривалитетот меѓу нив, поточно кој ќе одигра најдобра улога оди до толкави размери што тие често се ставаат во бизарни ситуации.

Ова се само некои од најбизарните примери на што се` се подготвени глумците да направат за успешна улога.

Хали Бери не се капела месец дена

Сите знаеме дека Хали Бери е преубава и харизматична жена како на филмското платно, така и надвор од него. Таа инспирира многу жени со нејзиното совршено тело и едноставна фризура. Сепак, кога се подготвувала за улогата во филмот „Jungle fever“, таа не се каплеа месец дена. Таа доброволно го бојкотирала тушот за полесно да се соживее со улогата на девојка зависна од крек.

Комплетна изолација

Хит Леџер бил одлучен да остави трага во филмската историја, такашто за улогата на Џокер во филмот „Batman begins“ неговиот лик оставил многу луѓе зачудени како воопшто успеал да стигне до толку мрачна и депресивна улога која дури и го стави во сенка Кристијан Бејл како Бетмен. Она што луѓето не го знаат е дека Леџер бил во комплетна изолација и не излегувал од хотелската соба скоро 6 недели. Неговата улога се исплатила бидејќи токму за неа добил Оскар, но за жал починал од прекумерна доза на дрога.

Одрекување од сe`

Додека некои ѕвезди се борат до последен здив да добијат пари и да се прослават, други поради улогата се одрекуваат од се`. Адријан Броди поради филмот „The pianist“ се откажал буквално од се` поради неговата улога во која глумел Евреин кој за време на Втората светска војна изгубил се`. За навистина да се соживее со улогата тој се откажал од неговиот автомобил, мобилен телефон, стан и луксузен живот. Дури научил да свири на клавир и напамет го научил делото на Шопен. И секако, сите работи се исплатиле бидејќи за оваа улога освоил Оскар.

Роберт Де Ниро си ги уништил забите

Кога станува збор за екстремност, тоа е нешто нормално за Роберт Де Ниро. Во 1991 година тој ја добил улогата во филмот „Cape fear“ во која глумел психотичен силувач. Тој платил забар да му ги упропасти забите за уштеподобро да се подготви за улогата. Ова не е прв пат Роберт да се подготвува на бизарен начин. Имено, за филмот „Raging Bull“, Де Ниро навистина научил да боксува, а за филмот „Taxi driver“ навистина се пријавил за такси лиценца и работел 12 часа дневно. Изгледа дека ваквиот пристап кон работата го направи она што е денес - неприкосновен глумец.

Слабеење и дебелеење

Кристијан Бејл е навистина број еден кога станува збор за екстремни подгтовки за филм. Никогаш нема да го заборавиме неговото тело во филмот „The machinist“, кога ја шокира публиката со губење на 40 килограми за да го одглуми анорексичниот работник. Веднаш после снимањето на овој филм, Кристијан започнал да вежба за да се подготви за Бетмен, а веднаш после тоа го глумел буцкастиот Итвинг во „American Hustle“. Бејл не единствениот глумец кој губел и добивал килограми во Холивуд поради улога, меѓутоа тоа никој не го направил ниту пак ќе го направи како Бејл.

Се` што Кејџ прави не е нормално

Многу мислат дека Николас Кејџ е луд во реалниот живот. Точно! За да навлезе во улогата во филмот „Ghost rider“, Кејџ секојдневно го обојувал своето лице и носел египетски реквизити за полесно да се вклопи во духовниот свет. Тој одбивал да разговара со другите актери од филмот за да направи илузија и да се плашат од него поради улогата. Додека го снимал филмот „Leaving Las Vegas“, Кејџ се пијанел и се снимал. Потоа ги гледал снимките за да знае како да се однесува кога е пијан. За филмот „Birdy“ извадил два заби без анестезија за подобро да ги илустрира воените повреди.

Совладување на уметноста

Ѕвездата на филмот „Black swan“, Натали Портман поминала повеќе од година дена подготвувајќи се за оваа улога. На Портман и` се придружила и Мила Кунис и двете заедно секојдневно тренирале. Портман поминувала пет часа дневно вежбајќи балет, пливање и тренинг. Исто така, таа била на строга диета, внесувајќи само 1.200 калории дневно.

Маскиран како поштар

Том Круз на екранот изгледа како да е роден како глумец и дека се` му оди така лесно. Сепак, некои од наградите се навистина производ на тешка работа. Додека го снимал филмот „Collateral“ неговата улога на невидлив убиец барала сериозна подготовка. Затоа, Том се маскирал во поштар и шетал низ Лос Анџелес делејќи писма без никој да го препознае. Исто така, тој научил и да пука, што навистина му помогнало во улогата.

Целосна трансформација

Не е чудо што глумците се трансформираат во други ликови, меѓутоа оваа трансформација навистина ги изненади многу љубители на филмот. Од слатка и прекрасна, Руни Мара стана измачеа девојка во филмот „Тhe girl with the dragon tatoo“. Таа навистина даде се` од себе за оваа трансформација па така ставила пирс на брадавиците и ги избричила вегите за улогата. Се облекувала и шминкала во црно, за цело време да остане во улогата.

Посета на лудница

Кога луѓето нешто одлучуваат да направат во друштво тоа се чини некако забавно, за разлика од нешто што треба да го направите сами. Замислете сега сами да одите во посета на одделението за психијатрија. Повеќето глумци од филмот „One flew over the cuckoo's nest“ се пријавиле во лудница и таму останале одредено време. Никој не знае низ што таму поминале, но филмот покажа дека вредел. Инаку, во филмот се наоѓаат и неколку статисти кои се вистински пациенти од одделението за психијатрија.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура