X
 05.10.2017 Технологија

Не правете ги овие работи ако сакате лаптопот да ви трае подолго


Лаптоп
(Фото: Pixabay)


Персоналните компјутери и лаптопите се чувствителни апарати и секое мало невнимание може лесно да ги оштети или уништи. За да го избегнете ваквото „апокалиптично“ сценарио, треба да ги следите овие шест упатства при употребата:

1.    Не дозволувајте им на куќните миленичиња да се приближуваат до лаптопот

Да, мислиме токму на вас, мачкољупци! Знаеме дека мачките ви се преслатки кога ќе се качат на вашиот лаптоп и ќе почнат да ви „помагаат“ во работењето, но не охрабрувајте ги во тоа! Конкретно, мачките ги привлекува топлината на уредот, но резултатот ќе биде „клопче“ од влакна во уредот, кое меѓу другото може да предизвика прегрејување на апаратот. Исто така, ви предлагаме да не јадете пред компјутерот. Ако и најмало парче храна влезе под тастатурата, очекувајте и „посета“ од малите куќни „лакомци“ како мравки или бубачки.

2.    Имате стар компјутер? Престанете да го тресете!

Причината за ова предупредување, пред сè, е хард дискот. Освен ако не сте сопственик на уред со вграден СД-диск, мора да се придржувате на правилото да работите на него исклучиво поставен на маса или на биро. Чувствителните делови, како хард дискот, непожелно реагираат на секое ненадејно движење или удар, па за очекување е и ненадејно да ви откаже љубов. За подолготраен живот на вашиот лаптоп, престанете со влечкањето на уредот насекаде со вас. Оставете го на бирото на раат.

3.    Ве молиме, не затворајте го лаптопот како хауба од стара „лада“!


Екранот на вашиот лаптоп не е неуништлив. Кога го затворате, правете го тоа така што ќе го држите на средината од рамката, а не на аглите. Кога сме веќе тука, кога го земате лаптопот, не фаќајте го на горниот десен или лев раб од екранот. Тие делови се екстра чувствителни на притисок, што значи дека може да завршите со оштетен дисплеј.

4.    Не држете те лаптопот во скутот!


Работите на вашиот лаптоп држејќи го во скутот? Престанете со таа лоша навика и набавете си специјална подлога. Причината за ова е вентилацискиот систем на апаратот, кој во зависност од начинот на кој седите, многу лесно можете да го затворите со прекривката или со дел од вашата облека. Резултатот од тоа ќе биде прегреан уред и потенцијално оштетување на почувствителните компоненти.

5.    Држете го лаптопот подалеку од магнети


Општо правило за сите преносливи компјутери кои сами по себе се чувствителни на магнети е да се чуваат подалеку од силни магнети. Силните магнетски полиња пред сè влијаат врз хард дисковите, но и врз екраните. Ако сакате да го продолжите „животниот век“ на вашиот лаптоп, постојано имајте го на ум ова основно правило за употреба.

6.    Не чистете го екранот со вода

Екранот ви е правлив? Користете крпа од микрофибер или специјални средства за чистење екрани. Заборавете на прскање со вода – и особено немојте да го притискате екранот од лаптопот. Се работи за многу чувствителен и кршлив дел од хардверот кој ќе ви биде благодарен ако внимателно се однесувате кон него.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија