X
 06.10.2017 Технологија

И „Џимејл“ има еден вид „seen“: може да дознаете дали е прочитана пораката што сте ја испратиле

Во апликацијата „ВацАп“ едноставно е да се дознае кога некој ќе ја види вашата порака – се појавуваат два сини знаци. Зошто електронската пошта нема таков знак преку кој ќе дознаеме дали некој го прочитал имејлот што сме му го испратиле?


Во „Џимејл“ тоа е можно со помош на проширување на екстензијата наречена „Мејл трек“. Можете да ја пронајдете во онлајн-продавницата „Хром веб стор“, но освен за пребарувачот на „Гугл“, достапна е и за „Опера“. Освен платеното, постои и бесплатно издание кое нуди неограничено следење, но додава потпис во вашата електронска пошта по кој примателот на имејлот може да знае како ја користите алатката за следење. Ако тоа не ви пречи, пробајте ја прво бесплатната верзија, пред да се одлучите да платите.

Преку „Опера“ алатката може да се поврзе со „Џимејл“ и со апликацијата „Гугл апликации за работа“. Не се додава ништо повеќе од визуелен показател во вид на двоен зелен знак со кој се означени прочитаните имејли. Доколку сакате да вклучите следење на конкретна електронска пошта, во прозорчето за составување пораки кликнете на копчето за следење. Испратете имејл и потоа отворете мапа со испратената пошта. Проверете дали се појавуваат два зелени знаци.

Известувањата за прочитаната пошта во реално време ќе ви помогнат да испраќате електронска пошта со дополнителни информации во ситуации кога тоа е потребно и за да се скрати времето на чекање.

Како и со другите екстензии, ќе треба да дадете дозвола за читање, испраќање, бришење и управување со вашата електронска пошта. Веројатно тоа не е позитивно за користење приватна и поголемиот дел од службената пошта, но може да ви користи за имејлите на „Џимејл“ наменети за специфични цели.

Имајте на ум дека алатката нема секогаш добро да работи. Како што линковите ги следи користејќи HTML, не може да следи исклучиво текстуална пошта.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија