X
 27.08.2017 Технологија

Како и зошто да ја избришите вашата историја на веб-пребарувачот?

1
Фото: Pixabay

Веб-пребарувачите со причина ги чуваат сите ваши поранешни активности. Таа историја е корисна ако сакате повторно да пронајдете некоја статија или пак повторно да ја погледнете вашата омилена фотографија или повторно да се вратите на таб што несакајќи сте го затвориле.

Истовремено, некои луѓе сметаат дека ова постојано следење е малку морничаво. Освен тоа, ако го вашиот компјутер го користат и други луѓе, постојат некои работи што не би сакале да знаат дека сте ги пребарувале.

За среќа, сите денешени веб-пребарувачи имаат лесна опција за бришење на вашата историја и вашите онлајн траги. Во продолжение ќе пронајдете информации за тоа како да ги избришите сите ваши веб пребарувања.

Што зачувува вашиот пребарувач?

1
Фото: Popular science/Google Chrome


Пред да ја избришете историјата, треба да знаете што претставуваат овие информации и што тие прават.

Најпрво: вашата историја на пребарувања, што всушност е листа на веб-страници што сте ги посетиле во минатото. Историјата ви помага да се вратите онаму каде што сте биле.

Пребарувачите исто така ја следат вашата историја на преземања, листа од датотеките што сте ги презеле.

2
Фото: Popular science

Следни се колачињата, мали делчиња на код што страницата сака да ги складира во вашиот систем. Колачињата му помагаат на веб-страницата да препознае кои сте, и доаѓаат во секаков вид на форми. На пример, ако одите на веб страница за времето и таа веднаш ви покаже градови за кои претходно сте ги гледале временските услови, тоа е колаче во акција. Овие датотеки нема да му наштетат на вашиот компјутер, но некои корисници не сакаат некој да ги следи на овој начин и затоа ги бришат постојано.

Кога сте кај колачињата, ќе забележите дека вашиот пребарувач разликува стандардни колачиња и таканаречени „third-party“ колачиња. Овие колачиња го следат однесувањето низ неколку страници; тие обично се ставени во реклами - ако неодамна сте гледале веб-страници за шатори, тогаш насекаде ќе гледате реклами за шатори.

3
Фото: Popular science/Safari

И на крај, пребарувачите чуваат „cachе“, што содржи локални копии и графики и други елементи што ги користи вашиот пребарувач за да ги чита страниците побрзо. Со помош на „cache“ се намалува количината на преземени податоци и го забрзува вчитувањето на веб-страницата.

Кога ќе се одлучите да ја избришите вашата историја, повеќето пребарувачи одделно нудат различни типови на податоци. Можете да одлучите да избришите сè или можете да изберете да зачувате некои работи, како што се колачињата и „cache“, за пребарувањето да ви биде полесно.

Приватно или инкогнито пребарување

За оние кои се грижат за приватноста, пребарувачите нудат да пребарувате приватно или инкогнито. Едноставно отворете прозорец во приватен мод, пребарувајте и затворете го кога ќе завршите. Кога компјутерот ќе се исклучи, целата историја на пребарување и складираните колачиња од таа сесија автоматски ќе исчезнат.

Сепак, ваквото пребарување не бриши сè што правите. Ако се логирате на страница како „Фејсбук“ или „Амазон“ во приватна сесија, овие страници ќе ве препознаат и ќе ја зачуваат вашата активност на пребарувања.

Како да ја избришите веб историјата на било кој пребарувач?

r4
Фото: Popular science/Microsoft Edge

Без разлика на пребарувачот што го користите, лесно можете да ја избришите вашата историја во неколку минути.

Кај „Гугл хром“, кликнете ги трите точки десно за да го отворите менито за апликации. Изберете „Settings“. Одете надолу до „Advanced“, а потоа изберете „Clear browsing data“. Изберете од листата, поставете го временскиот период што би сакале да го избришете и кликнете го копчето за бришење.

5
Фото: Popular science/Internet Explorer
Оние кои користат „Мозила“ треба да ги кликнат трите хоризонтални линии десно за да го отворат менито. Кликнете „Options“. Кликнете „Privacy“, а потоа „Clear your recent history“. Одете во „Details“ за да ги видите различните видови на податоци.

Ако користите „Сафари“, отворете го менито и кликнете „Clear History“.

За корисниците на „Виндоус 10“, кликнете ги трите точки од десно, потоа одете „Settings“. Под „Clear browsing data“ изберете „Choose what to clear“.

6
Фото: Popular science/Opera

Доколку сè уште користите „Интернет експлорер“, избришете ја историјата кликнувајќи на иконата горе десно, а потоа изберете „Internet options“. Потоа отворете „General tab“ и изберете „Delete“ под „Browsing history“.

Ако користите „Опера“, кликнете го менито горе лево. Потоа одете во „More tools“ и „Clear browsing data“. Изберете кои податоци сакате да ги избришете, поставете го временскиот период па кликнете „Clear browsing data“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија