X
 10.10.2017 Образование

Повеќе од 200 учесници беа дел од Endava Tech Flow настанот во Скопје посветен на иновации

Следејќи го успехот на првиот настан Endava Tech Flow кој се одржа во мај годинава и на кој учествуваа повеќе од 170 ИТ професионалци и ентузијасти кои дискутираа на тема Agile Best Practices, компанијата „Ендава“ организираше уште една конференција од серијата на Tech Flow настани на што фокус овојпат беа Иновациите и трендовите во ИТ секторот. На едно место се споија повеќе од 200 експерти и иноватори од ИТ индустријата кои се вклучија во разговорот за врвни технологии, методологии и влијателни личности кои ја придвижуваат иновацијата во ИТ – сферата.


Стефан Спасовски, Сениор софтверски инженер во “Ендава” 

Интернационалниот говорник, автор, активен член на софтверската инженерска заедница и главен технички директор во „Ендава“, Еоин Вудс го одржа главниот говор и се фокусираше на предизвиците, можностите и придобивките кои „блокчејн“ технологијата може да ги понуди.


Еоин Вудс, Шеф на Технологии во “Ендава” 

- Во зависност од тоа со кого зборуваш за „блокчејн“, еден став е дека технологијата засекогаш ќе го промени начинот на кој градиме системи, а друг став е дека ќе биде корисна само за криптовалутите. Иако е релативно нова технологија, делови од „блокчејн“ се употребуваат во различен тип на апликации меѓу кои и процесирање на финансиски трансакции, менаџмент на идентитет, чување на јавни документи и следење на синџирот на набавка на значајни производи. Сепак, моќните специфики на „блокчејн“ имаат и свои компромиси, а еден од нив е невообичаената конструкција која „блокчејн“ ја има во себе – вели Вудс.

Продолжувајќи го разговорот околу „блокчејн“, Гоце Каламадевски кој е одговорен на сектор за развој во „Ендава“, зборуваше за алатките, програмските јазици и можните употреби на оваа нова и возбудлива технологија. Тој праша – „Што се случува кога ќе слушнете за ,блокчејн' и едвај чекате да направите нешто со таа технологија?“.


Гоце Каламадевски, одговорен на сектор за развој во “Ендава” 

- Доколку имате некакво предзнаење или пак само сакате да ја пробате „блокчејн“ технологијата прво мора да се запознаете со екосистемот и да ги земете во предвид опциите пред да се одлучите за пристапот. Etherium и hyperledger се две опции кои нудат различни можности за развој на децентрализирани апликации користејќи „блокчејн“. Иако се различни, etherium и hyperledger работат заедно и го приближуваат развојот на апликации кон следното ниво на развој – додава Каламадевски.


Елизабета Илиевска, Сениор софтвер инженер во “Ендава” 

Истражувајќи како квалитетот на софтверскиот развој ја поттикнува иновацијата, Елизабета Илиевска, искусен софтверски инженер им претстави на присутните проверен и тестиран метод за менаџирање на технички долг во средина која постојано и рапидно се менува, а нејзиниот говор е инспириран од употребата на Quality Views на „Тесла“. Додека Стефан Спасовски, искусен софтверски инженер во „Ендава“ претстави неконвенционална, но практична паралела помеѓу софтверскиот развој и уметноста.

Владо Божиновски, лидер на секторот за дизајн во „Ендава“ и Александар Трајановски, искусен софтверски инженер во компанијата, споделија значајни впечатоци и знаења во некои од системите и технологиите кои може да станат револуционерни во интернет – сферата како и во компјутерската ера во која нема да се користат сервери.


од лево - Александар Трајановски, Сениор софтвер инженер, од десно - Владо Божиновски, Лидер на секторот за дизајн во “Ендава” 

По презентациите, присутните имаа можност да се дружат и да дискутираат за тоа како можеме да ја приближиме иновацијата во секојдневните работни ангажмани и како можеме да почнеме да ги користиме некои од возбудливите технологии и методологии кои беа презентирани на сцена.

За Ендава:

Ендава е приватна IT компанија со преку 16 години искуство работење со светските лидери во сферата на финансии, осигурување, телекомуникации, медии, технологијата и малопродажба. Преку агилната трансформација и пропозициите на дигиталната еволуција, „Ендава“ им помага на клиентите да бидат поефикасни. „Ендава“ има преку 3900 вработени и канцеларии во Северна Америка, Западна Европа и развојни центри во Колумбија, Молдавија, Романија, Македонија, Србија и Бугарија. Покрај инвестирањето во долгорочни односи со клиентите, Ендава ја препознава и важноста да им овозможи богати и предизвикувачки кариери на луѓето, и преку тоа се етаблира себеси како еден од најпосакуваните вработувачи за најдобрите и најспособните инженери.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование