„Кутијата Ајзенхауер“ е најпознатата алатка за донесување одлуки што ја користел покојниот американски претседател, вели авторот и успешен блогер Џејмс Клир. Овој метод е матрица, само две колони и два реда. Колоните ги претставуваат задачите што се важни и итни и задачите што не се важни. Матрицата ќе ви каже што треба да направите понатаму.
Важни и итни - Направете ги овие задачи веднаш.
Важни и не итни: Организирајте си го времето за дефинитивно да ги направите овие, но не сега.
Неважни и итни: Делегирајте ја оваа задача, ако можете.
Неважни и не итни: Зошто воопшто оваа задача ви е на ум?
Двајт Ајзенхауер еднаш рекол: „Она што е важно ретко е итно и она што е итно, ретко е важно“.
Итните задачи се оние на кои итно треба да одговорите: текстови, електронски пораки, крајни рокови итн. Размислете за важните задачи како оние што нешто ви значат вас и ќе ви ги подобрат целите.
„Сметам дека методот на
Ајзенхауер е особено корисен затоа што го тера човек да се запраша дали некоја акција навистина е неопходна, што значи дека голема е веројатноста да продолжам со наредната задача“, вели Клир.