X
 18.10.2017 Култура

Кој е Ледерфејс, монструозниот култен лик? Хоророт „Ледерфејс: Почеток“ од четврток во Синеплекс

Нискобуџетниот хорор филм „Тексашки масакр со моторна пила“ од 1974 година го шокираше светот. Приказната за група на пријатели кои во текот на своето патување се заробени, измачувани и на крај убиени од монструозното семејство на канибали на чело со Ледерфејс, беше првиот филм од овој вид кој ги помести границите на вкус и страв. Неговата важност за жанр беше толку голема што повеќе од четири децении подоцна се смета за еден од најголемите и најконтроверзните хорор филмови и има големо влијание на една цела генерација на режисери. Сега дојде време да се раскаже приказната за еден од култните зли ликови во историјата на кинематографијата.



Во овој филм на кој му претходи филмот „Тексашки масакр со моторна пила“, младата медицинска сестра е киднапирана од четири насилни тинејџери кои се избегани од психијатриска болница и ја водат на потот кон пеколот. Еден од нив е осуден на живот полн со трагедии и стравови кои ќе му го уништат здравиот разум и ќе го претворат во чудовиште по име ЛЕДЕРФЕЈС.

„Не сакавме да ја рециклираме приказната кое е видена милион пати“, вели продуцентот Лес Велдон. „Ледерфејс: Почеток“ е осмиот филм од франшиза „Тексашки масакр со моторна пила“ и е замислен како претходник кој го објаснува потеклото на главниот лик во серијалот. Велдон изјавува: „Ова беше шанса за нов и поразличен пристап кон целата Тексашки масакр со моторна пила митологија. Сакавме да ја раскажеме приказната која потекнува од главниот лик, а никогаш не беше раскажана, приказна за тоа како настана Ледерфејс.“

Оваа недела ни пристигнува и научно-фантастичната акција „Геосторм“, со Џерард Батлер, Аби Корниш, Ед Харис, Енди Гарсија во главните улоги.



Кога катастрофалните климатски промени го загрозуваат преживувањето на Земјата, светските влади се обединуваат и создаваат програма Dutch Boy: светска мрежа на сателити што ја окружуваат планетата, вооружени со геоинженерски технологии дизајнирани да ги спречат природните катастрофи. По двегодишната успешна заштита на планетата, нешто тргнува наопаку. Двајца отуѓени браќа имаат задача да го решат дефектот на програмата, пред да може Геосторм да ја зафати планетата.

КИНО ПРОГРАМА (19.10.2017-25.10.2017)

Тор - Рагнарок Дигитал 3D
Среда: 20:00

Истребувач 2049 3Д
Секој ден: 17:00, 20:00, 23:00
Викенд: 14:20, 17:00, 20:00, 23:00

Истребувач 2049 2Д
Секој ден: 18:30, 21:20

Геосторм 3Д
Секој ден: 15:40, 18:00, 20:15, 22:30, 23:20
Викенд: 12:40, 15:40, 18:00, 20:15, 22:30, 23:20

Кога денот немаше име 2Д
Секој ден: 20:30

Ана каренина Сеќавањата на Вронски 2Д
Секој ден: 12:20, 16:00
Викенд: 16:00

Снешко 2Д
Секој ден: 17:15, 19:45, 22:00
Викенд: 14:45, 17:15, 19:45, 22:00

Кингсмен 2Д
Секој ден: 19:00, 21:45

Американски Платеник 2Д
Работни денови: 18:15, 21:20

Ледерфејс: Почеток 2Д
Секој ден: 17:30, 19:15, 21:00, 22:45, 23:40

Тоа 2Д
Секој ден: 20:45

S.M.A.R.T. Потера 2Д
Секој ден: 16:40, 22:15

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Лего Нинџаго 3Д
Викенд: 11:00, 13:00

Лего Нинџаго 2Д
Секој ден: 16:20, 18:45
Викенд: 12:00, 14:00, 16:20, 18:45

Подлиот Јас 3 3Д
Секој ден: 15:00
Викенд: 11:40, 13:40, 15:00

Малиот Бигфут 3Д
Секој ден: 15:20, 17:40, 19:30
Викенд: 11:20, 13:20, 15:20, 17:40, 19:30

БАЛЕТ

Пират, Бољшој, 2017 HD сателитски пренос во живо
Недела: 17:00

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура