X
 22.10.2017 Култура

Мапа на најголемите оптимисти кога се работи за иднината на нивните земји


Мапа на светот
(Фото: Thinkstock)


Тероризам, расизам и пад на животниот стандард – внесуваат доза на песимизам во западните земји. Дали е ист случајот и со другиот дел од светот?

„Галуп“ неодамна собра податоци од целиот свет, анализирајќи колку се луѓето оптимистични кога се работи за иднината на нивните земји.

Тие давале оценка во однос на прашањето колку сметаат дека нивната земја е успешна и има шанса за напредок, на скала од 0 до 10. Од испитаниците се барало да го оценат својот личен моментален живот, како и проценка за нивниот иден живот на територијата на нивната земја.

Врз основа на добиените резултати, аналитичарите се обиделе да утврдат колку нивните испитаници вреуваат дали се успешни или не.

Оние кои се задоволни од својот живот, односно го оценуваат со оценка 7 или повеќе, а својата иднина  ја градираат со повеќе од 7, доследни се и имаат поголема шанса за напредок.

Кога се земаат предвид податоците во последните 10 години, оптимизмот во поедини земји е во константен пад. Најголем пад се забележува во Грција и Шпанија, потоа во Египет, Сингапур и Белгија, а потоа и во Индија, Нов Зеланд и Америка.

Од друга страна, жителите на поедини земји како Ел Салвадор, Летонија, Хондурас, Никарагва, Таџикистан и Еквадор, истакнуваат дека живеат подобро отколку порано. Истото мислење го делат и Киргистанците, Камбоџанците, Унгарците, Нигеријците, Германците, Израелците, Филипинците, Романците...

Од испитаниците се барало да го дадат своето мислење само за последните три години. Врз основа на тие податоци,најголем пад е констатиран во Туркменистан и Бразил, потоа во Индија, Јордан и Малави.

Од  друга страна, „Индипендент“ наведува дека најголем пораст е забележан на Косово, Гана, Гвинеја, Ел Салвадор, Унгарија, Монголија, Чад, Хондурас, Того и Австрија.

Овој медиум забележува дека е изненадувачки што Косово се наоѓа на самиот врв на листата, со оглед на фактот дека „прогласија отцепување од Србија дури во 2008-та.

„И покрај проблематичното минато, жителите на Косово имаат позитивни очекувања“, се наведува во текстот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура