X
 29.07.2020 Наука

Биолошки е предодредено дали сте утринска личност

Тим Кук се буди во 3.45 часот наутро. Извршната директорка на „Пепси“, Индра Нуи се буди во 4 часот наутро. Извршниот директор на „Дизни“, се буди во 4.30 часот наутро. Џек Дорси спие до 5.30 часот. Исто и Ричард Бренсон.

Успешните луѓе се будат рано. Барем некои од нив. Како што вели познатиот психолог Адам Грант:
- Најуспешните луѓе во светот не се грижат за времето кога другите се будат. Тие се будат и работат според распоред што им одговара нив.

Науката се согласува. И ако мислите дека можете да станете ранобудец со волја и упорност, истражувањата покажуваат дека биолошки е предодредено дали сте ноќна птица или ранобудец. Речиси половина од вашиот внатрешен часовник е наследен.

Земете го за пример вашиот циркадиски ритам, процесот со кој се регулира циклусот спиење и будење. Во просек, нашите биолошки часовници работат на 24,2-часовен циклус. Но, некои луѓе имаат внатрешни часовници што траат подолго од 24,2 часа - што значи, со текот на времето, нив природно им е заспивањето подоцна и будењето подоцна.

Накратко, тие не одлучиле да бидат ноќни птици. Тие се ноќни птици и така биле родени. И тоа е во ред.

1
Фото: Freepik

Додека истражувањата покажуваат дека утринските луѓе имаат тенденција да бидат поупорни и подобро да се организираат и имаат тенденција да бидат подобри планери, од друга страна ноќните птици имаат тенденција да имаат подобри резултати на тестовите што ја мерат меморијата, брзината на обработката на податоци и когнитивната способност.

И чудно, тие имаат тенденција да бидат малку финансиски поуспешни.

Дали ако сакате да си поставите повисока цел треба да се обидете да станете утринска личност? Или ако сакате да бидете поотворени за нови искуства, треба да станете ноќна птица?

Не. Треба да бидете она што сте - и да престанете да се обидувате да бидете нешто што не сте. Корелацијата не е причинска. Успешните луѓе кои рано стануваат не се нужно успешни како резултат на нивното рано будење; тие се успешни затоа што ги усогласиле биолошките часовници со нивниот распоред.

Коосновачот на „Редит“, Алексис Оханиан се буди „доцна“ бидејќи така функционира подобро.

Кога ќе почнете да работите, не е важно. Важно е што вие сработувате во часовите кога сте будни.

Успехот е поврзан со сето она што ќе го реализирате. Не делот од денот кога ќе го реализирате нештото.

Извор: Inc.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука