X
 05.11.2020 Живот

Облакодери што апсорбираат дождовница и патишта без автомобили: Вака ќе изгледаат британските градови во 2100 година

Како што светот станува позелен во обидот да се справи со климатските промени, така градовите во иднина ќе се променат до непрепознатливо ниво, вели еден експерт.

Во серија фотографии истражувачот од Универзитетот во Ланкастер, Серена Поластри, ги претстави предвидувањата за иднината на големите градови во Велика Британија, во кои до 2100 година нема да има автомобили на патиштата.

Облакодери што апсорбираат дожд и „живи“ зелени згради, исто така, ќе никнат низ Велика Британија. Сликите го прикажуваат футуристичкиот хоризонт на Лондон, Манчестер и Бирмингем и беа составени со помош на производителот на сладолед „Бен енд Џерис“.

Поластри, коавторка на Проектот за предвидување на иднината на градовите во владата на Британија, се обиде да замисли како би изгледала Велика Британија во наредните 80 години, ако Вестминстер сега дејствува за борбата против климатските промени.

1
Бирмингам во 2100 година

- Знаеме дека не само што е можно, туку е и потребна повторна процена за тоа каква иднина сакаме и како да ја градиме. Треба да го направиме ова имајќи ги предвид непосредните и далекосежните ефекти на климатските промени - вели таа.

Таа верува дека градовите ќе имаат расцветани градски мочуришта, населби исполнети со градини и зелени згради напојувани од обновлива енергија. Зелениот, достапен транспорт ќе ги замени повеќето автомобили и ќе ги носи работниците до нивните канцеларии во облакодери што апсорбираат дождовница.

Патиштата и паркинзите ќе се трансформираат во мрежа од зелени коридори што ќе ги поврзуваат урбаните паркови со шумите, додека соларните панели ќе го красат секој покрив.

лондон
Лондон во 2100 година

Компанијата „Бен енд Џерис“ бара поддршка од нивните партнери - „Климатската коалиција“, група посветена на акција за климатските промени. Во документот се бара премиерот Борис Џонсон да преземе амбициозни активности за постковид зелено економско закрепнување.

- Решенијата прикажани во ова уметничко дело се на дофат на раката, а сега е време да се дејствува - вели Клара Голдсмит од „Климатската коалиција“.

манчестер
Манчестер во 2100 година

- Потребно е владата да инвестира во растечката чиста индустрија и да ги зачува зелените простори сега - додава таа.

Извор: The-sun.com
Фотографии: The sun
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот