X
 23.10.2017 Култура

Животни вистини што секоја мајка треба да му ги пренесе на своето дете


Мајка и дете
(Фото: Pixabay)


Да се биде родител не е лесно затоа што подготвувањето на еден млад, неискусен и невин живот за суровиот свет со кој треба да се соочи не е лесна работа.

Што да се каже, а да не биде обесхрабрувачки на самиот почеток? Дали треба да им се признае дека животот е сурова борба и како таква не признава правила и задава ниски удари? Можете ли да ја разубавите реалноста кога децата се сè попаметни и понекогаш резонираат подобро од нас, возрасните?

Една мајка се нашла во ваква дилема при борбата со себе и општествено прифатливите норми за воспитување на децата. Она што Кејси Мулинс одлучила да го примени во одгледувањето на својата ќерка решила да го сподели и со другите родители, укажувајќи дека не се сами и дека некои вредности кои и самите ги почитуваат треба да им се пренесат на децата, иако се чинат погрешни.

Немаат сите добри намери

Повеќе од сè сакам на светот да му подарам една добра личност која ќе може да се заземе за себе, да се бори за она што го сака и да биде фер кон оние што ја опкружуваат. Сакам да разбере дека ако работи вредно и внимателно, ќе може да ги искуси овие преубави работи. Она што мајките треба да ги научат своите ќерки е дека не можат со сите да бидат пријателки затоа што повеќето ќе се обидат да го искористат тоа.

Не мора сите да ве сакаат


Мали мои девојчиња, нема да им се допаднете на сите и тоа е ок. Додека не им давате на другите причини да ве мразат, сè е во ред. Гледајте си ја својата работа и не газете никого, а дали некој ќе ве сака или не, не зависи од вас. Кога некој е лош кон вас, тоа повеќе кажува за него самиот отколку за тоа кои сте вие и што сте.

Изгледот не е пресуден

Не е сè во изгледот, а ако избирате пријатели според тоа како изгледаат, како се облекуваат и што поседуваат во материјална смисла, ќе се лишите од неверојатни пријателства. Пријателите доаѓаат во разни облици и големини, бои и мелодии. Среќна сум ако моите деца растат опкружени со различни типови деца, од најсрамежливи до најотворени и пребирливи.

Среќата не изгледа како на рекламите


Среќа е она што некоја личност ја прави убава, што понекогаш е тешко да се објасни ако како родител сте западнале во криза или депресија. Јас честопати морав да ставам маска на среќна мајка за моите деца да не ја почувствуваат таа негативна промена. Но и чувството како депресијата е нешто природно и нè учи повеќе да ја цениме среќата. Тешко е во свет кој преку фотошопирани луксузни фотографии прикажува како живеат некои луѓе да се убеди едно девојче од десет години дека среќата не изгледа така.

Парите се важни, но не и најважни

Парите не можат да купат среќа, но, да бидеме искрени, не можат ниту да наштетат. Пораснав во толку многу строги материјалистички вредности што подоцна влијаеше и врз мојот брак. Гледам и дека моето девојче се радува кога ќе може да потроши определен износ за купување некоја играчка. Сите мајки треба да ги научат своите ќерки да бидат благодарни за тоа што го имаат, како и да им помагаат на оние на кои им е потребно.

Пријателствата не се купуваат со пари

Сакам да го научам моето дете дека со пари може да се купи еден ден во некој СПА-центар, но не може да се купи пријател кој ќе ѝ треба кога некој ќе ѝ го скрши срцето, изјавила Кејси.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура