X
 15.10.2015 Живот

Колку чини животот во Чешка Република?

Животот во Чешка Република се смета за поевтин во споредба со другите европски земји, а истото се однесува и на главниот град, Прага во споредба со другите европски метрополи. Меѓутоа, забавата и здравството во земјата се далеку од евтини.


Сместување во Чешка Република

Во земјата може да се најде добро сместување за просечна цена. Меѓутоа, во Прага доаѓаат најмногу азиланти, поради што сместувањето е поскапо. Просечниот износ на еден стан во земјата чини приближно 66.000 евра, но во популарните региони во Прага изнесува 177.000 евра.

Превоз во Чешка Република

Јавниот превоз и бензинот во земјата се прилично евтини. Мал автомобил може да се купи за 10-на илјади евра. Има повеќе различни карти за користење на јавниот транспорт. 24-часовна карта чини 4 евра, тридневна карта чини 11 евра, а едномесечна карта чини 20 евра.

Образованието во Чешка Република

Јавното образование е евтино, но поради јазикот, многу странци ги испраќаат децата во приватни и меѓународни училишта, кои се скапи. Просечната годишна школарина за приватно основно училиште изнесува околу 6 илјади евра, додека за средно училиште ја надминува оваа сума.

Храна и облека во Чешка Република

Храната во земјата ги има просечните цени во Европа, а странците од западот ја сметаат за евтина. Облеката, од друга страна, е скапа. Еден летен женски фустан може да чини 30 евра.

Забава во Чешка Република

Јадењето во ресторани во Чешка Република чини како и во остатокот од Европа. Алкохолот и цигарите се малку поевтини од просекот. Една вечера со филм би чинела околу 13 евра за лице. Еден коктел чини приближно 3 евра.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот