X
 26.11.2017 Култура

Нови трејлери: „Тhe Incredibles 2“, „A Wrinkle in Time“ и многу други

Ѕирнете ги трелерите за оваа недела.

„The Incredibles 2“



Бебиња. Дали е смешно кога прават работи што не ги разбираат? Првиот тизер за овој филм не покажува многу, меѓутоа со оглед на тоа што е еден од најсаканите филмови на „Пиксар“, тешко е да не се заинтересира човек за тоа што се случува.

„A Wrinkle in Time“




„Дизни“ го постави првиот долг трејлер за филмот - се чини како неверојатна авантура со разнобојни и магични пејзажи полни со чудни суштества.

„Phantom Thread“



Уште еден краток тизер за следниот фил ма Пол Томас Андерсон. Краток е, но секоја секунда изгледа прекрасно.

„El Camino Christmas“



„Нетфликс“ им нов божиќен филм за претстојниот период. Џесика Алба и Тим Ален се дел од актерската екипа.

„The Final Year“



„Ејч-Би-О“ има нов документарец што ја прикажува администрацијата на Обама за време на последните 12 месеци работа во канцеларијата. Се чини дека филмот е изненадувачки интимен, овозможувајќи поглед позади сцената.

„The Mercy“



Трејлерот за „The Mercy“ изгледа прекрасно, а приказната позади филмот е прилично фасцинантна. Станува збор за Доналд Кроухрст, кој во 1968 година и неговата трка со бродови околу светот без никаков тренинг.

„Best Friend From Heaven“




Едно од најболните нешта што некогаш ќе го видите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура