X
 01.12.2017 Наука

„Биг бенг“ е погрешна - нова теорија на физичар од Сао Пауло

Физичар од Универзитетот „Кампинас“ во Сао Пауло има теорија за црните дупки која сугерира дека „Биг бенг“ можеби и не е причината за почетокот на универзумот. Тој ја одбива идејата дека универзумот каков што го знаеме започнал со „Биг бенг“.


Според неа, универзумот започнал со сингуларност (бескрајно густ волумен на енергија), а потоа се проширувал и продолжил да се проширува до универзумот кој денеска го познаваме. Физичарот Невес презентира теорија на колапс и процес на експанзија, позната како „Биг баунс“ теорија. Таа се осврнува на тоа како функционираат регуларните црни дупки.

Идејата дека некогаш постоел бескрајно густ волумен на енергија од кој универзумот произлегол е неопходен дел од методологијата користена за мерење на експанзијата на универзумот низ времето. Теоријата на Невес е дека универзумот не започнал со сингуларност која резултирала со експлозија.
Постојат два вида сингуларност во универзумот. Едната е токму „Биг бенг“, а другата се крие зад хоризонтот на црната дупка. Тој смета дека не сите црни дупки имаат сингуларност. За да се измери нивото на кое универзумот се шири со стандардна космологија, моделот во кој е „Биг бенг“, се користи математичка функција која зависи само од космолошко време. Елиминирањето на сингуларноста од „Биг бенг“ го враќа назад универзумот во теоретската фаза на космологија. Ако сингуларноста не постоела во почетокот, тоа значи дека „Биг баунс“ е поверодостојна, тврди Нивес.

Отсуството на сингуларност во почетокот на вселенското време ја отвора можноста дека трагите од претходната контракциска фаза можеби ја издржале промената на фазата и можеби се со нас во експанзијата на универзумот која уште трае. За Невес, фазата на брзата експанзија на вселенското време не ја вклучува можноста за претходна контракциска фаза. Тоа може да значи дека промената од контракција во експанзија можеби не ги уништила сите траги на претходната фаза. Делови од универзумот што постоел претходно можеби се уште тука, смета Невес.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука