X
 30.12.2017 Здравје

Во 2018 година СЗО ќе го препознае гејмерското растројство како ментална здравствена состојба

igri
Фото: Shutterstock

СЗО ќе го препознае гејмерското растројство како ментална здравствена состојба во наредната ревизија на Меѓународната класификација на болести што доаѓа во 2018 година. Бета-верзијата на класификацијата на болести вклучува и гејмерско растројство, што се опишува како зависност од видеоигри и онлајн и офлајн.

Растројството се карактеризира со модел на постојано или повторливо гејмерско однесување, вклучувајќи го и чувството дека имате контрола над тоа колку играте, ставањето на игрите и играњето пред други животни приоритети и продолжувањето на играњето и покрај негативните последици.

„Моделот на однесување е доволен за сериозно оштетување во личното, социјалното, образовното, професионалното функционирање, како и во други важни области“ се наведува во записот.

Во минатото зависноста од видеоигри довеле до некои прилично екстремни резултати, вклучувајќи и смрт во 2005 година кога еден човек играл „Стар крафт“ повеќе од два дена без пауза. Во 2010 година сопружници биле толку преокупирани со играње игри, што го запоставиле своето 3-месечно бебе и заборавале да му даваат да јаде - бебето починало од глад.

За жал, записот не вклучува информации за превенција или третман на гејмерското нарушување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје