X
 06.01.2018 Наука

Места на кои има снег, а се надвор од планетата Земја

Снежните бури на Земјата се чести, но дали сте знаеле дека снег има и на други места надвор од нашата планета. Ова се неколку од нив:


1. Марс

Јужниот и северниот пол на Марс имаат ледени површини кои растат и се шират во текот на годишните времиња. Површините се претежно формирани од воден мраз, ист како на Земјата. Сепак, снегот што таму паѓа е составен од јаглероден диоксид, истата состојка со која се создава сув мраз тука на Земјата. Јаглеродниот диоксид е во атмосферата на Марс, се смрзнува и паѓа на површината како снег.

2. Енцеладус

фотоизвор: NASA/JPL-Caltech/Space Science Institute

Месечината на Сатурн има гејзери што испуштаат водена пареа во вселената. Таму таа се смрзнува и повторно паѓа на површината на Сатурн како снег. Одреден дел од мразот станува дел и од прстените на Сатурн. Водената пареа произлегува од загреаниот океан кој се наоѓа под месечевата ледена површина. Поради целиот тој мраз и снег, Енцеладус е еден од најсветлите објекти во нашиот Сончев Систем.

3. Тритон

Најголемата месечина на Нептун е Тритон. Ја има најстудената површина во нашиот Сончев Систем. Атмосферата на Тритон е создадена во најголем дел од азот. Тој се замрзнува на површината и го прекрива Тритон. И тука има гејзери, иако се помали и создадени во најголем дел од азот, а не од вода.

4. Плутон

Во 2016 година на планетата-џуџе научниците откриле планински венец каде што на најгорните делови има снег и мраз составен во најголем дел од метан.

5. Ио

фотоизвор: NASA/JPL-Caltech

Има повеќе месечини што орбитираат околу Јупитер, и една од нив, наречена Ио, има снегулки креирани од сулфур. Во 2001 година биле забележани над јужниот пол на Ио. Сулфурот произлегува од вулкан кој се наоѓа на површината на Ио. Во вселената тој брзо се замрзнува и формира снегулки кои паѓаат долу на површината.

6. Кеплер – 13Аб

Можеби има снег и надвор од нашиот Сончев Систем. Кеплер – 13Аб е топла, огромна планета, оддалечена на 1.730 светлосни години од Земјата. 9 пати поголема од Јупитер, а орбитира многу блиску до своите ѕвезди. Телескопот „Хабл“ детектирал докази за титаниум оксид во горната атмосфера – минералот кој се користи во кремовите за сончање. На постудената страна, силната гравитација на планетата можно е да формира титаниум оксид кој паѓа на површината како „снег“.

7. Еуропа

Исто така месечина на Јупитер, која е уште еден леден свет со течен океан под замрзната површина. НАСА планира подетални истражувања на Еуропа, со мисија која ќе почне во 2020 година.

8. Мимас

И ова е мала месечина, но на Сатурн. Иако изгледа како мртва ѕвезда, всушност е топка со речиси чист мраз создаден од вода, кој се протега на површина од 198 километри.

9. Месечина

Неколку пати од НАСА забележале како на кратерите на нашата Месечина, во близина на јужниот и северниот пол, има мраз.

10. Меркур

Дури и на планетата што е најблиску до Сонцето, опсервациите на НАСА покажале дека постои мраз и други замрзнати материи и на оваа планета.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука