X
 14.01.2024 Наука

Дождот од дијаманти може да е многу почест феномен на повеќе од 1.900 егзопланети низ галаксијата

Ледените планети би можеле да имаат честа појава на дожд од дијаманти. Спротивно на претходните верувања, дијамантите можат да се формираат на помалку екстремни температури отколку што се мислеше, што потенцијално ќе го направи таложењето на дијаманти вообичаено кај ледените џинови.

Претходните експерименти создадоа конфузија околу условите за формирање на дијамантите на планети како Уран и Нептун. Биле спроведени два вида експерименти, динамичка компресија која вклучува ненадејни удари и статистичка компресија која вклучува постепена компресија. Претходните експерименти со динамичка компресија барале повисоки температури и притисоци за да се формира дијамант.

Мунго Фрост и колегите од американската Национална акцелераторска лабораторија СЛАЦ извршиле иновативни статистички експерименти за компресија со динамично загревање. Со помош на експериментот, дијамантите се појавиле на приближно 2.200 Целзиусови степени под притисок од 19 гигапаскали, што ги одразува условите во внатрешноста на Уран и Нептун.

Спротивно на резултатите од претходната динамична компресија, овие притисоци беа значително помали, што ги доведува во прашање претходно утврдените резултати.

- Нашите резултати не се совпаднаа со претходно утврдените резултати и не беше она што очекувавме да го видиме, но убаво се вклопија и некако поврзаа сè. Разликата во временските размери може да објасни зошто формирањето на дијамантите под низок притисок беше пропуштено во претходните експерименти со динамичка компресија -
објаснува Фрост.

Откритието укажува на можноста за дожд од дијаманти на помали егзопланети. Помеѓу 5.600 потврдени егзопланети, повеќе од 1.900 може да имаат дожд од дијаманти.

Дополнително, во нашиот Сончев Систем дијамантите би можеле да се формираат на помали длабочини отколку што претходно се мислеше, што влијае врз нашето разбирање за внатрешноста на џиновските планети. Поплитка формација би можела да влијае на минувањето на дијамантскиот дожд низ ледениот слој кон центрите на овие планети, што ќе влијае на слабо познатите магнетни полиња. Новото откритие отвора и нови перспективи за планетарната динамика и појавата на врнежи.

Извор: Newscientist.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука