X
 31.01.2018 Живот

Џек Ма: „Ако не го промениме начинот на кој учиме, ќе имаме проблеми триесет години подоцна“

Џек Ма
(Фото: Sandra Blaser)


Основачот и извршен претседател на „Алибаба“, Џек Ма, долго и отворено зборуваше на Светскиот економски форум во Давос за некои клучни предизвици со кои се соочува светот денес, нудејќи свои размисли и перспективи за иднината.

За влијанието на технологијата

„Многу сме среќни затоа што светот доживува голема трансформација поради технологијата. Новата технологија ќе создаде многу успешни луѓе, интересни кариери, но искрено, секоја нова технологија ќе создаде и општествени проблеми.“

„Ако не се усогласиме, луѓето ќе се борат меѓу себе затоа што секоја технолошка револуција го прави светот неурамнотежен.“

За клучот на успехот

„За да постигне успех, лицето треба да поседува висок EQ (коефициент на емоционална интелигенција), ако не сакате брзо да изгубите, ќе ви треба висок IQ (коефициент на интелигенција), но ако сакате да бидете и почитувани, ќе ви треба и висок LQ – IQ на љубовта.“

За жените во бизнисот


„Ако сакате вашата компанија да биде успешна, ако сакате вашата компанија да работи мудро, со внимание, тогаш најдобар избор се жените.“

„37% од вишите менаџери во нашата компанија се жени. Дел од тајната состојка на нашиот успех е тоа што имаме толку многу жени во компанијата.“

За иднината и глобализацијата


„Сметам дека глобализацијата не може да се запре – никој не може да ја запре глобализацијата, никој не може да ја запре трговијата, ако запре трговијата, ќе запре и светот.“

„Глобалната трговија мора да биде едноставна и модернизирана, мора да биде инклузивна така што секој ќе има еднакви шанси. Следната генерација на глобализацијата мора да биде инклузивна.“

За учење од грешките


„Учете од своите грешки – без оглед колку сте паметни, ќе научите од нив. Мора да ги споделуваме своите грешки со другите.“

„Моето размислување е дека ако сакате да бидете успешни, учете од грешките на другите, а не од приказните за успех. Книгата што сакам да ја напишам ќе се вика ’Алибаба: 1.001 грешка‘“.

За предизвиците на учењето

„Учителот треба постојано да учи... Образованието сега е голем предизвик – ако не го промениме начинот на кој ќе учиме, ќе имаме проблеми триесет години подоцна...“

„Не можеме да ги научиме своите деца да се натпреваруваат со машините, кои се попаметни, нашите деца треба да се учат на нешто единствено. Само така тие ќе имаат шанса по 30 години.“

За одговорноста на технолошките гиганти

Гугл, Фејсбук, Амазон и Алибаба – ние сме најсреќните компании на овој век. Но ние имаме и одговорност да имаме добро срце, да правиме нешто добро. Погрижете се сè што работите да биде од корист за иднината.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот