X
 31.01.2018 Култура

Златни мисли од Достоевски: „Само една работа е важна, само една – да се осмелиш!“


Фјодор Достоевски



Фјодор Михајлович Достоевски бил голем руски книжевник, познат како еден од првите претставници на психолошкиот реализам во европската книжевност. Достоевски е и еден од најцитираните автори, па во продолжение ви претставуваме неколку негови „златни мисли и поуки“:

„Моќта им е дадена само на оние што се осмелуваат да се наведнат и да ја соберат во своите раце. Само една работа е важна, само една – да се осмелиш.“

„Човекот е склон да ги набројува своите неволји, но никогаш не ги набројува своите радости. Кога би ги набројувал според заслугата, би увидел дека секој има доволно среќа во животот.“

„Некого е подобро да го имаш за непријател отколку за пријател. Ништо на светот не е потешко од искреноста и ништо не е полесно од додворување.“

„Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат.“

„Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мисли на минатото, гледај само во иднината.“

„Ако си тргнал кон целта и попатно застануваш да фрлиш камен кон секој пес што лае по тебе, никогаш нема да стигнеш таму.“

„Кога ќе се изгуби богатството – ништо не е изгубено, кога ќе се изгуби здравјето – речиси сè е изгубено.“

„Со што и да ја покриваш нечистотијата, таа сепак останува нечистотија.“

„Оној што се лаже самиот себе, најлесно се навредува.“

„Ако при секоја пријателска услуга веднаш помислуваш на благодарност, тогаш ти не си подарил, туку си продал.“

„Тоа е мистеријата на човечкиот живот – кога старите таги со текот на времето, постепено, стануваат спокојни радости.“

„Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете.“

„Никогаш не преземај ништо додека те држи гневот.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура