X
 26.02.2018 Култура

Андоновски во друштво на Морисон, Етвуд, Мекјуан во трката за Толстоевата награда за книжевност

Нашиот писател Венко Андоновски, заедно со уште 34 светски писатели е номиниран за Толстоевата награда за книжевност „Јасна Полјана“. Меѓу номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други.


Од балканските книжевности номиниран е и словенечкиот писател Драго Јанчар. Андоновски е номиниран за руското издание на романот „Папокот на светот“, што го преведе Олга Панкина. Наградата се доделува на автори надвор од Русија, преведени на руски и за дела издадени во последните десет години. Членот на жирито, Јури Водолажкин, не штедел пофални зборови за Андоновски и неговиот роман објавен на руски во 2011 година, го опишува како „жив и енергетски исполнет“.
Резултатите ќе бидат соопштени во октомври. Наградниот фонд изнесува 1.200.000 рубљи (околу 17.400 евра) за странскиот писател и 500.000 рубљи (7.200 евра) за преведувачот на книгата на руски.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура