X
 28.02.2018 Култура

Интересни факти за античките египетски пирамиди - едни од најстарите чуда што постојат

1

Пирамидите отсекогаш биле мистерија за човекот. Дури и во 2018 година откриваме повеќе за овие антички човечки чуда. Со секое откритие сфаќаме дека постојат уште повеќе работи за откривање. Оваа листа со најинтересните факти за пирамидата сигурно не сте ја знаеле.

Инженерско чудо - Пирамидата во Гиза била изградена пред 4.500 години во Египет, меѓутоа, сепак останала највисока градба до 19 век. Тоа значи дека била највисока зграда цели 3.800 години.

Повеќе од 5.000 пирамиди -
во светот постојат над повеќе од 5.000 пирамиди. Иако за вистинската цел многу се дебатира, зачудувачки е колку структури биле создадени пред 4.000 години.

Камења што тежат повеќе од животните
- замислете време без напредна машинерија, кога не постоеле кранови или виљушкари. Во текот на тој период Египќаните ги создале овие пирамиди со камења што тежат од 5 до 10 тони. Сите овие камења биле подигнати и поставени еден над друг. Истражувачите сѐ уште работат на откривање како постигнале ваков подвиг.

Сончеви тунели - друг фасцинантен факт за пирамидите е дека постои сложена мрежа на премини, шахти и комори под нив. Овие тунели содржат стотици години историја и илјадници артефакти.

Измамата за робовите - се верувало дека робовите имале задача да ги градат огромните пирамиди. Ова подоцно се покажало како неточно и откриено е дека платени работници биле задолжени за изградбата. Бил откриен гроб на еден работник; телото било зачувано во сувиот песок заедно со тегли пиво и леб за задгробниот живот.

2

Античка клима - друг интересен факт за овие извонредни структури е дека и покрај жешкото време и дење и ноќе, во пирамидите има константна температура од 20 Целзиусови степени.

Пирамида околу сандак - во главната комора на Гиза има сандак што е премногу голем за да биде пренесен низ тесниот влез. Ова ги натера археолозите да веруваат дека големата пирамида била изградена околу сандакот.

Како биле толку прецизни пред 4.500 години?
- Египќаните користеле две констелации за да ги усогласат своите пирамиди во насока север-југ. Едната била Големата Мечка, а другата Малата Мечка. Гробниците биле израмнети во север-југ со точност од 0,05 степени. Ова се случило во ера кога денешните алатки за прецизност не можеле дури ни да се замислат.

Мистериозен малтер - постои стара арапска поговорка која вели - човекот стравува од времето, времето стравува од пирамидите. Пирамидите се едни од најстарите чуда што постојат. Причината е суперлепливиот малтер направен да стојат камењата в место. Малтерот користен при изградбата долго време бил анализиран, но точната комбинација на состојките и ден-денес е мистерија. Биле искористени речиси 500.000 тони малтер.

Врата од 20 тони - во пирамидата во Гиза има вкупно 3 врати. Една од нив тежи 20 тони и е толку добро избалансирана што може да се отвори однатре само со една рака. Кога е затворена, совршено се вклопува во ѕидот, давајќи впечаток дека не е таму.

Блеска како злато - во времето на изградбата овие антички египетски пирамиди биле покриени со добро полирана обвивка од варовник. Кога варовникот бил поставен на пирамидите, буквално изгледало како пирамидите да имаат дијаманти со блеснувањето на сонцето.

Усогласување со Орион - трите пирамиди на Гиза се усогласени со трите ѕвезди на Орионскиот појас.

Рамна пирамида - дали знаете дека постојат пирамиди со рамни врвови? Да, голем дел од првите пирамиди низ целиот свет биле направени со рамен покрив.

 „Мастабас“ - „Мастабас“ биле гробови за луѓето што немале високи чинови и нивните гробници биле изградени во специјални комори во пирамидите. Историчарите веруваат дека единствената причина за гробовите на мастаба е дека душите внатре во нив може да продолжат да му служат на кралот во нивниот задгробен живот.

3

Гардата на Кхафре
- огромната статуа на Сфингата била изградена во близина на големата пирамида пред околу 4.500 години. Таа има тело на лав и глава на фараонот. Целта на Сфингата била да ја чува пирамидата на Кхафре во Гиза.

Мултиталентираниот Имхотеп - Имхотеп бил еден од најраните господари архитекти во Египет. Тој е познат како создавачот на пирамидата. Бил лекар, астроном, свештеник, а по неговата смрт бил обожуван како бог на медицината.

Неверојатната тежина на Големата пирамида - Големата пирамида на Кхуфу тежи 5.750.000 тони. Била направена од 2,3 милиони блокови од камен, а секој блок тежи 2267.96 килограми.

Теорија за локацијата - во 1877 година д-р Џозеф Сејс пронашол интересно откритие. Тој покажал дека пирамидата на Гиза се наоѓа токму на пресекот на најдолгата географска должина и најдолгата географска ширина, односно се наоѓа во точниот центар на сите копнени маси на планетата Земја.

Обид да се уништат пирамидите
- кралот Ал-Азиз, син на Саладин, курдски владетел, планирал да ги уништи пирамидите во 12 век. За среќа, се откажал од намерата бидејќи било многу напорно.

Просечно време за изградба на една пирамида - иако е софистицирана во однос на точноста и архитектурата, Големата пирамида во Гиза се градела 23 години.

Мистерија на хиероглифите - сите ги поврзуваат хиероглифите со пирамидите. Иако посетителите нема да најдат хиероглифи во внатрешноста, во 2011 година истражувачите пронашле хиероглифи во тајната комора со помош на робот.

Зачудувачки број на работници - податоците за бројот на работници се разликуваат. Историчарите ги земаат предвид различните фактори, вклучувајќи го и бројот на мажи потребни за кревање на еден блок. Се пресметува дека биле потребни 90.000 работници за изградба на пирамидите.

4

Лицето на Сфингата
- Сфингата била изградена за заштита на пирамидите, а археолозите забележуваат дека лицето на Сфингата е многу слично со лицето на фараонот Кафра.

Верување
- Египќаните верувале дека Египет е најдоброто место што Бог го создал за човек да живее. Верувале дека кога луѓето умираат, влегуваат во свет - огледало на Египет. Единствената разлика било тоа што немало тага, меѓутоа, сметале дека на човек ќе му бидат потреби основни работи и во задгробниот живот, па затоа во ковчезите ставале злато и други вредни предмети.

Повторно избројте ги - иако пирамидите даваат впечаток дека имаат само 4 страни, пирамидите на Гиза имаат 8 страни. Секоја од четирите страни е еднакво поделена.

Премни и Алфа Драконис - Во Големата пирамида на Гиза спуштањето на оската било усогласено со поларната ѕвезда Алфа Драконис.

Логиката на Ихет - зборот „ихет“ значи славна светлина. Кога биле изградени пирамидите, врз нив бил ставен варовник поради кој светеле. Ова светло било причината зошто пирамидите биле наречени Ихет.

Без сенки - пирамидите се најшироко проучувани структури во светот. Мистеријата околу нивната изградба сè уште ги прогонува истражувачите. Меѓу многуте својства на пирамидата, таа била и сончев часовник што укажувал на рамноденица. Напладне, во текот на пролетта, Големата пирамида на Гиза нема сенка.

Корелација со Пи - Истражувачите ја предложиле идејата дека Пи можеби бил вклучен во дизајнот на Големата пирамида на Хуфу. Џон Тејлор открил дека ако некој го дели периметарот на Пирамидата по висина, вредноста е еднаква на 2Пи.

Енигма во процесот на градење - за пирамидите се зборува со векови. Тие нè воодушевуваат со прецизната архитектура што се користела тогаш. Меѓутоа, не се знае многу за процесот на градење. Истражувачите сè уште се обидуваат да го создадат малтерот. Исто така, неодамна е откриена мрежа на меѓусебно поврзани тунели.

Доволно за изградба на ѕид околу Франција
- каменоломот Асуан е местото од каде што биле земени камењата за изградба на пирамидите. Се претпоставува дека блоковите од овие три пирамиди всушност се доволни за изградба на дебел ѕид висок 10 метри околу цела Франција.

Еден камен ковчег
- во самата пирамида постои мистериозен ковчег направен од еден гранит. Ковчегот се наоѓа во комората на царот и бил ставен пред да се изгради таванот. Луѓето веруваат дека ковчегот има магични карактеристики.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура