X
 24.04.2017 Култура

Зборови кои еднаш „умреле“, но се повторно „родени“

Дали знаевте дека „wireless” се појавил како збор за радиото во 1920, па направил пауза од децении во употребата, сѐ додека не почна да се употребува во ерата на безжичниот интернет?


Фото: Pixabay

Прочитајте кои други зборови во англискиот јазик ја имаат истата судбина:

“Dude” – станал популарен во 1880тите со значење „конте“. Според оксфордскиот речник доаѓа од “Yankee Doodle”, популарна песна за време на војната за независност. Престанал да се употребува по Втората светска војна, но станал популарен во доцните 1980ти.

“Cyber” – е кратенка од “cybernetics” измислена во 1940-тите што станува популарна во 1970-тите, но поупотребуван е дури во средината на 1990 – тите.

“Wireless” – овој збор бил користен за ардиото во 1920-тите, а повторно се појавува во ерата на безжичниот интернет.

“Vamp” – ова е збор од 1920-тите за заводливост кој се враќа во 1970-тите споменуван од Рич Гринхил.

“Punk” – оригиналното значење на овој збор е „проститутка“, подоцна значел помлад млад партнер на постар човек, а повторно се раѓа во 1970-тите.

“Hipster”
– овој збор е популарен во 1960- тите и потоа повторно во 1999 благодарение на Берлимонстер и Том Папворт.

“Queer” – го достигнува својот врв во оригинална смисла во 1920-тите. Бил користен како навреда за хомосексуалците во доцниот 19 век, а повторно станува популарен во 1990-тите со луѓето од ЛГБТ заедницата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура