X
 15.03.2018 Култура

Џорџ Лукас во посета на „галаксијата“: Како ќе изгледа Музејот „Лукас“?


Џорџ Лукас, Харисон Форд
(Фото: Getty images)


Авторот на филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, ја посети „галаксијата“ во центарот на Лос Анџелес за да го означи почетокот на изградбата на неговиот Музеј на раскажувачки уметности „Лукас“, кој ќе чини 1,5 милијарди долари.

Установата чие отворање е закажано за 2021 година, нема да биде само спомен на „Војна на ѕвездите“, туку музеј каде ќе бидат претставени сите форми на визуелно раскажување, од слики и цртежи до хумористични стрипови и филмови, наведува „Асошиејтед прес“.

Меѓу филмовите ќе се најдат  и футуристичкото ремек-дело „Метрополис“ од 1927 година, прочуениот „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс од 1941-та, до серијалот „Индијана Џонс“ на кој Лукас соработуваше со режисерот Стивен Спилберг.

Во Музејот ќе бидат изложени првиот светлосен меч на Лук Скајвотер и шлемот на Дарт Вејдер.

Кога минатата година Градското собрание го одобрило овој проект со 14 гласови „за“ и ниту еден „против“, Лукас истакнал дека неговиот Музеј нема да биде бесмислен проект кој треба само „да собере аплаузи“.

Музејската колекција ќе вклучува и слики од Норман Роквел, Едгар Дега и Пјер-Огист Реноар, хумористични стрипови од Чарлс Шулц, творецот на „Кикирики“  и алтернативниот уметник Роберт Крамбо, како и анимации од филмови како „Кој му смести на зајчето Роџер“ и специјални ефекти од филмовите како „И-ТИ вонземјанинот“.

Изградбата на Музејот и неговата опрема во целост ќе ги финансираат Џорџ Лукас, неговата сопруга и нивната фондација, а градските власти на Лос Анџелес истакнуваат дека тоа е најголемиот јавен подарок штој го добил нивниот град.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура