X
 10.06.2017 Живот

Mузејот на промашени иновации во Шведска

Зелен кечап, чипс без масти, пенкала само за жени, пластични велосипеди – ова се само некои од експонатите во музејот на промашени иновации во Шведска.

Поголемиот дел од иновативните потфати завршуваат со неуспех и се сметаат за промашени, а Шведскиот „Музеј на промашувања“, претставува колекција од околу 70 такви производи од целиот свет, кои не го пронашле својот пат до купувачите. Меѓу нив се парфемот Харли Дејвидсон, маска за црнеење, кафе кока-кола.

Дури и ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, но како бизнисмен, се нашол меѓу експонатите. „Се вратив, а ти си отпуштен“ – тоа е игра од 2004 година која потсетува на монопол, има брендирани фигури и картички украсени со ликот на Трамп.

Музејот има и технолошки експонати, кои наместо да бидат револуционерни, претставени се на јавноста додека не биле усовршени и функционирале со грешки.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот