X
 27.03.2018 Образование

Професорки пленум за измените во високо образование: Обезбедена е слобода на академската заедница, но потребна е и минимална плата




Предлог-законот за високо образование e значаен исчекор во поглед на уредувањето на автономијата и на слободата на академската заедница, системот за обезбедување квалитет на високото образование, но потребно е да се поработи на правилата за формирање на платите на наставниот кадар, оценува Професорскиот пленум и Независниот академски синдикат (НАкС).

Во соопштение до медиумите тие велат дека ова е прв закон за високото образование во чиј процес на изработка непосредно беа вклучени и професорите и студентите. Тие оценуваат дека предлог-законот создава основа за подобрување на квалитетот на високото образование. Тоа се постигнува преку: широкиот опфат на гарантираните академски слободи, гарантирањето на автономијата на универзитетите, децентрализација на управувањето во високобразовните установи која што, истовремено, го поддржува концептот на интегриран универзитет; појасното дефинирање на системот на финансирање на јавните високообразовни установи; мерките и механизмите за осигурување на квалитетот на високобразовната дејност; прецизирањето на прашањата со кои се уредува студентското организирање, како и учеството на студентите во процесите на донесување одлуки на високообразовните установи.

Сепак, сметат дека законот треба да ја зајакне кадровската автономија на универзитетите како неразделив сегмент од уставно загарантираната автономија и јасно да ги одреди правилата за формирање на платите на наставниот кадар во јавните високообразовни установи.
- На став сме дека законот треба да го определи минималниот износ на платите на наставниците, кои што би биле соодветни на платите во јавниот сектор, а согласно наставно-научните звања и обврска на државата тој износ да се достигне во одреден временски период – пишува во соопштението.
Подготвил: М.А.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование