X
 19.08.2025 Здравје

Лумбален синдром - дијагноза и лекување

Дефиниција:

Најчест болен синдром кој се манифестира како акутна или хронична болка во лумбалниот или лумбосакралниот дел на 'рбетниот столб.

Причини:

-Дегенеративни промени на рбетот;
-Спондилолистеза;
-Затегање и болка во лумбалната регија заради лош став или слаба физичка кондиција;
-Стеснување на спиналниот канал;
-Протрузија или пролапс на интервертебралниот диск со хернијација на нуклеус пулпозус во спионалниот канал;
-Фрактури, инфекција, тумори, метастази;
-Руптури на меки ткива;
-Вродени деформации на рбетниот столб.

Клиничка слика:

-Лумбаго: акутна или хронична болка, најчесто еднострана, спазам на мускулатурата, ограничени и болни движења, принудна анталгича положба;
-Лумбоишијалгија: болката се шири долж едната или двете нозе, парестезии а подоцна и хипоестезии.во зависност од тоа кој корен е притиснат болката и парестезиите ќе имаат различна пропагација.

Дијагноза:

Се поставува врз основа на анамнеза, физикален преглед, РТГ на лумбален дел на 'рбетот, ЕМГ, МРИ или КТ на 'рбет

Лекување:

Конзервативно: НЕУРОПРОТЕКТОР витамини Б1 Б6 Б12.

НСАИЛ, кортикостероиди, миорелаксанти, локална апликација на кортикостероиди и гелови.

Физикална терапија: Користење физички агенси за намалување на болката, спазамот, подобрување и враќање на полн обем на подвижност во сегментот.

Хируршко лекување

Хигиено диететски режим: Вежби за јакнење на мускулатурата, заштитни позиции, намалување на телесна тежина.

Автор: д-р Трајанка Димитријеска, физијатар

Издвојуваме

Здравје