X
 22.09.2021 Стипендии

Стипендии за магистерски и докторски студии во Русија

Отворено е пријавувањето за стипендии од Владата на Русија за академската година 2021/2022.

Стипендиите им се доделуваат на талентирани странски студенти кои сакаат да студираат магистерски или докторски студии на некој универзитет во Русија. Добитниците на стипендиите нема да мора да плаќаат за партиципација, а треба да ги покријат трошоците за патување, сместување и осигурување.

Пријавувањето трае до 10 декември. Повеќе информации може да најдете овде.
Активен до:    10.12.2021

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии