X
 24.12.2018 Живот

Колку заработува Илон Маск за еден час?

Еден работен час на милијардерот и иноватор Илон Маск чини 900.000 долари. Тоа го пресметале експерти кои ја зеле предвид неговата десетгодишна плата и податокот кој самиот го изнел, а тоа е дека работи 120 часа неделно.

Вредноста на неговата компанија „Тесла“ се зголеми минатата недела за 11 отсто. Некои проценуваат дека Илон Маск заработил 1,43 милијарда долари. Во интервју за „Њујорк тајмс“, Маск зборувал за својот работен план, а пријателите одамна го советуваат да земе одмор. Слободна недела немал од 2001 година кога заболел од маларија, а имало периоди кога по три-четири дена не излегувал од фабриката.

Маск станал нов симбол за воркохолик бидејќи на свадбата на својот брат присуствувал само неколку часа, а потоа се вратил во компанијата за да одржи состаноци.

Се претпоставува дека Маск е „тежок“ 23 милијарди долари бидејќи неговите примања во „Спејс екс“ не се познати. Имајќи предвид дека просечно работи 17 часа дневно, а во текот на десет години заработил 55,8 милијарди долари, тоа значи дека еден негов час вреди околу 900.000 долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот