X
 26.10.2019 Технологија

Наскоро забрана на овој филтер на „Инстаграм“

„Инстаграм фид“ ќе изгледа малку поинаку. Минатата недела „Спарк Еј-ар“, компанија задолжена за многубројни филтри на „Инстаграм“, најави дека ќе ги отстрани сите ефекти поврзани со пластичната операција. Од компанијата не дадоа детали за кој филтер станува збор.

И додека не е одредено кога точно ќе биде спроведено отстранувањето на филтрите, познато е дека промената најверојатно ќе ги зафати филтрите „Пластика“, „Бед ботокс“ и „Фикс ми“.

Но, другите филтри и понатаму ќе бидат дел од апликацијата, вклучувајќи ги и омилените со ефекти на уши од куче или круна.


Забрана за филтри што на лицето му даваат ефект на пластична операција е последната промена на „Инстаграм“. Минатиот месец оваа социјална платформа ги забрани статусите што промовираат губење килограми и естетски операции, а во некои држави се разгледува и опцијата за укинување на лајковите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија