X
 05.11.2019 Технологија

Тинејџерка измислила едноставен начин за елиминирање на мртвиот агол кај автомобилите

Тинејџерка од САД успеа да го реши проблемот со кој се соочуваат повеќето возачи на автомобили, а на целата автоиндустрија ѝ покажа дека не е потребно ништо повеќе од идеја и памет.

14-годишната Алаина Гаслер од Вест Гроув, Пенсилванија, освои едукативна награда вредна 25.000 долари на локалниот натпревар по математика, променети науки, технологија и инженерство. Таа победи во финалето со нејзиниот проект „Подобрување на безбедноста во автомобилот со отстранување на мртвиот агол“ што во основа се фокусира на елиминирање на мртвиот агол предизвикан од столбот за потпирање на покривот што се наоѓа на десната страна од шофершајбната на совозачот. Таа се одлучила токму за овој мртов агол бидејќи столбот на семејниот автомобил е многу широк, па ѝ се блокира погледот на нејзината мајка кога вози.

Системот на Алаина користи камера поставена на предниот дел од прозорецот од совозачката страна за да покажува работи што возачот не може да ги види. Камерата ја пренесува снимката со помош на проектор монтиран над главата на возачот. Но, тоа не е сè. Алаина користи посебен материјал што ја одбива светлината на проекторот и на тој начин снимката ја гледа само возачот, а на совозачот не му пречи ништо.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија