X
 29.04.2022 Наука

Дали животот на Земјата има почетоци на друго место во вселената?

Дали животот на Земјата има почетоци на друго место во вселената? Научниците ги откриле сите потребни состојки на ДНК и РНК во примероци од метеорити. Ова откритие покажува дека сите генетски делови што се потребни за формирање ДНК можеби стигнале на нашата планета преку метеорит пред многу години.

Откритието било направено од меѓународен тим од истражувачи воден од професорот Јасухиро Оба од Универзитетот „Хокаидо“ во Јапонија. Досега биле откриени три од пет информациони нуклеобази кои се потребни за ДНК и РНК, а сега научниците ги откриле и последните два дела.


Фото: Pixabay

- Сега имаме доказ дека целосната група на нуклеобази кои се присутни во живите организми денес можеби постоеле на Земјата пред да се роди животот - изјавил Дени Глевин, еден од истражувачите што работеле на проектот.

Во новото истражување научниците користеле нова техника за вадење на состојките од метеоритот, што го спречило уништувањето на деликатните нуклеобази во процесот.

Откритието не претставува доказ дека метеоритите играле улога во развојот на животот на Земјата, но претставува нова насока на истражување која може да понуди нови одговори за развојот на животните форми.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука