X
 01.11.2023 Образование

Објавен конкурсот за стипендии за редовни студенти на додипломски студии

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија за студиската 2023/2024 година.

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни студенти;

2. да не повторувале година во текот на студирањето;

3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;

4. да се државјани на Македонија.

Аплицирањето е исклучиво електронски. Документи не се доставуваат до Министерството за образование и наука.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на e-uslugi.mon.gov.mk од 1.11.2023 до 15.11.2023 година.

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен најдоцна до 29.12.2023 година на веб-страницата на МОН.

ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс и да ги преземете потребните обрасци за аплицирање.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование