X
 02.06.2020 Живот

67 новозаразени со Ковид-19, оздравени се 25 лица

67 нови случаи од Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во Македонија. Ова е резултат на 868 тестирања, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција. Подоцна во текот на денот ќе се знае и дистрибуцијата на заразени по градови. 25 оздравени и 1 починат е билансот за денешниот ден.

 Во однос на состојбата по институциите – до утрово на Клиниката за инфективни болести се примени 6 и се хоспитализирани вкупно 40, нема пациент на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16.

Во болницата „8 Септември“ се хоспитализирани 27 пациенти, од кои на респираторна машина се шест. Во Битола се сместени 7 пациенти. Во болницата во Штип има 14 пациенти, посочи Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот