X
 02.09.2019 Живот

Најјакиот ураган во историјата направи пустош на Бахамите

Ураганот „Доријан“ вчера ги погоди Бахамите и тоа е втората најстрашна бура на Атлантикот во историјата, а американските метеоролози прогнозираат дека деновиве тој опасно ќе се приближи до Флорида.

Ураганот со брзина на ветровите до 355 километри на час го погоди северот на Бахамите и зад себе остави пустош.

Бурата од петта категорија прво го погоди островот Елбоу Кеј на Бахамите. Второто копно на кое наиде беше островот Грејт Абако, на околу 280 километри од брегот на Флорида.

На социјалните мрежи се појавија снимки од огромната штета што „Доријан“ ја остави зад себе.

Ураганот корнеше покриви од куќите, превртуваше автомобили, ѝ нанесе голема штета на инфраструктурата, предизвика прекин во водоснабдувањето и електроснабдувањето, а има и информации за загинато 8-годишно момче, кое е првата жртва на разорниот ураган.

„Доријан“ вчера зајакна на највисоката петта категорија, што значи дека може да предизвика катастрофални штети. Џорџија и Јужна Каролина издадоа наредби за евакуација за нивните крајбрежни заедници.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот