X
 03.09.2021 Живот

Ученик го поправил Путин на час по историја, директорот го опоменал за „дрскоста“

Критичарите на Кремљ вчера го пофалија храбриот ученик кој се исправи пред рускиот претседател Владимир Путин, кој направи мала грешка на час по историја одржан во едно руско училиште на првиот ден од новата учебна година.

Имено, Путин во еден момент рекол дека рускиот цар Петар I Алексеевич Романов, познат како Петар Велики, се борел во Седумгодишната војна, што не е точно.

- Петар Велики не се борел во Седумгодишната војна, туку во Големата северна војна, која траела 21 година - рекол ученикот.

Рускиот претседател му се заблагодарил на ученикот за поправката, но директорот на училиштето го опоменал поради „дрскоста“.

Оваа случка предизвика многу реакции во земјата, поради што се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Тоа не беше дрско. Воопшто не се согласуваме со директорот на училиштето - рече тој и додаде дека се надева оти ученикот нема да биде дополнително казнет.

Извор: klix.ba
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот