X
 04.04.2024 Технологија

Во развој се ВИ-процесори кои потсетуваат на човечки мозок

Корејскиот институт за наука и технологија „Даегу Гјеонгбук“ објавил дека тимот предводен од проф. Квон Хјук-јун  развил технологија за полуспроводници со вештачка интелигенција од следната генерација, која ја имитира ефикасноста на човечкиот мозок.

Напредокот во вештачката интелигенција поттикна голема побарувачка за енергетски ефикасна, брза полуспроводничка технологија. Сепак, традиционалните компјутерски уреди и посебните компјутерски и мемориски единици имаат недостатоци во брзината и енергетската ефикасност, поврзани со тесните грла за обработка на податоци. Следствено на тоа, истражувањето на невроморфните уреди кои ги имитираат симултаните пресметувачки и мемориски функции на биолошките неврони го привлекува вниманието.

Во овој контекст, тимот на проф. Хјук-Џун Квон развил транзистори со ефект на синаптичко поле користејќи хафниум оксид, кој има силни електрични својства и тенки слоеви на калај дисулфид. Тоа резултирало со невроморфен уред со три терминали, кој може да складира повеќе нивоа на податоци на начин сличен на неврон. Истражувањето успешно ги повторило биолошките карактеристики како што се краткорочните и долгорочните својства, давајќи високо ефикасен уред кој реагира 10.000 пати побрзо од човечките синапси и троши многу малку енергија.

- Ова истражување означува важен чекор за компјутерите од следната генерација, кои ќе имаат ниска потрошувачка на енергија, а ќе пресметуваат со голема брзина. Развивме невроморфен хардвер со високи перформанси, користејќи дводимензионални канали и фероелектричен хафниум оксид. Се очекува иновацијата во иднина да има различни апликации поврзани со вештачката интелигенција и машинското учење - истакнал професорот.

Студијата е објавена во списанието „Напредна наука“ и може да ја погледнете на следниот линк.

Извор: vidi.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија