X
 04.05.2020 Живот

Девет најдобри виртуелни океански авантури

Сега можете со помош на импресивни видеоснимки и стримови во живо да нурнете во најневеројатните делови на океаните.

1. Големиот корален гребен, Австралија


Истражете го најпознатото светско живеалиште на коралите, на источниот брег на Австралија. Големиот корален гребен се простира на околу 133.000 квадратни километри и брои околу 1.500 видови риби и 600 видови корали.

2. Пливање со ајкули, Гвадалупе, Мексико

Нуркајте заедно со голема бела ајкула.

3. Нуркање со делфини

Делфините често се соработници во терапии за различни болести. Ако сте анксиозни и нервозни зашто сте дома, обидете се да се опуштите со ова видео.

4. Посетете ја подводната шума со келпи, Анакапа

Алгите келпи сочинуваат 25 отсто од плитките крајбрежни зони во океаните и морињата и многу потсетуваат на подводна џунгла.

5. Експедиции до потонати бродови

Има неколку видеоснимки од 360 степени од регионот околу Нов Зеланд, а една од нив е за „Кантербери“, воен брод фрегата кој станал вештачки гребен. Можете да го погледнете и „Михаил Лермонтов“, потонат океански брод, како и остатоците од „Тислгорм“, кој бил бомбардиран во октомври 1941 година во Црвеното Море.

6. Тури со желки, Девствени Острови

Има нешто магично кај морските желки. Може да го задржат здивот под вода и до 7 часа, живеат сто години, а омилена храна им се медузите со алги.

7. Пливање со раи, Раја Ампат

Рајата манта може да биде долга и до 7 метри, а едно од најдобрите места каде што можете да ја видите се островите Раја Ампат во Индонезија.

8. Пливање со медузи

Можеби немаат мозок, срце, коски или очи, но можат да бидат смртоносни. Затоа можеби е подобро со нив да пливате од фотелјата.

9. Дружба со октоподи

Со мозок во средината на телото и неколку милиони неврони во осумте пипала, можеби е изненадувачки, но октоподите не се баш интелигентни животни. Можеби токму поради тоа се толку интересни, а дружењето со нив е забавно.

Извор: National Geographic
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот