X
 05.07.2018 Образование

Листа со десет факултети каде што лани се запишале најмногу студенти во Македонија

Најмногу студенти лани се запишале на Економскиот факултет при скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика на Република Македонија. На факултетите и на високите стручни школи во земјава во првиот циклус на студии лани се запишале вкупно 56.941 студент, што е за 2 отсто помалку од претходната учебна година.

Најголем број од бруцошите се запишале на државните универзитети – дури 85,7 отсто, а повеќе од половина, односно 55,6 отсто биле жени. Најголем интерес имало за факултетите на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“ и за Тетовскиот универзитет. Ова е листата со десетте факултети каде што лани се запишале најмногу студенти:

1. Економски факултет (УКИМ) – 3.547
2. ФИНКИ (УКИМ) – 3.057
3. Филозофски факултет (УКИМ) – 2.715
4. Медицински факултет (УКИМ) – 2.587
5. Факултет за медицински науки (УГД) – 2.560
6. Филолошки факултет (УКИМ) – 2.251
7. Факултет за туризам и бизнис-логистика (УГД) – 1.807
8. Факултет за медицински науки (ДУТ) – 1.462
9. Правен факултет (УКИМ) – 1.443
10. ФЕИТ (УКИМ) – 1.383
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование