X
 05.08.2018 Култура

Причини зошто секој треба да има словенски пријател

Иако на почеток Словените може да изгледаат чудно, меѓутоа дефинитивно ќе ви биде драго да ги имате како пријатели.

1. Нема потреба од срамежливост за време на ручек/вечера


Ако ве покани некој ваш словенски пријател на ручек или вечера, мора да се опуштите 100 отсто наместо да бидете воздржани. Слободно можете да јадете и не се срамете да барате репете. Всушност, со барањето им давате комплимент на личноста што ја приготвувала храната. Кога сме кај храната, на вакви собири има многу, многу храна, така што ќе има остатоци што ќе можете да ги каснете подоцна.

пријател
Фото: Flickr


2. Ќе се социјализирате на сосема ново ниво


Во некои земј, луѓето се срамат да танцуваат или да започнат да пеат. Дури и ако го направат ова, изгледаат дека не им е пријатно. Ако вие и вашите словенски пријатели сте на некоја забава или кафуле, нека не ве изненади нивното танцување како никој да не гледа или пеењето како никој да не слуша. И секако, слободно придружете им се.

3. Нема да кажат не на вашите покани

Вашите словенски пријатели сакаат пријателства и сакаат да си поминат одлично. Ако ги поканите на некој настан или вечерно излегување, очекувајте ентузијастично да.

4. „Донеси си пиво“ не е нивна навика

Освен ако не станува збор за масовна собиранка, оваа навика не е честа кај Словените. Тие се горди да го споделат она што го имаат со нивните гости - без разлика дали се странци или нивни пријатели. Ако некој неочекувано им се појавил на врата, тие веднаш ќе одат в продавница да купат пијалак и грицки. Но поголемиот дел од времето, тие ги имаат сите тие работи.

5. Ќе се дружите со пијалаци и надвор, не само во пабови или домови

За Словените, не е невообичаено да се „загреат“ со алкохол - на пример, во пролет или лето, тие уживаат да купат пијалак и да одат во парк или на отворен простор каде едноставно ќе се опуштат со пријателите и ќе си поминат одлично.

6. Секогаш ќе ве насмеат, без оглед на нивното расположение


Дури и ако вашиот словенски пријател имал лош ден, тоа нема да го спречи да се дружите и забавувате.

7. Нивната искреност е без преседан


Словените никогаш не се учтиви и љубезни само затоа што од нив тоа се очекува. Тие се учтиви и љубезни бидејќи навистина го мислат тоа. Тие ги велат работите затоа што навистина ги мислат. Кога ќе ве праша: -Како ти помина денот?, очекуваат од вас да им го раскажете денот и да започнете разговор. Во другите култури, ваквите прашања се само „кршење на мразот“ и ништо повеќе.

8. Никогаш нема да ви биде досадно


Без разлика на тоа какви активности ќе правите со вашите словенски пријатели, никогаш нема да ви биде здодевно - Словените се одлични во забавување на другите луѓе и се вистински пријатели во секое време.

9. Динамични се и полни со емпатија


Словените се најдобри во подигнувањето на вашиот дух бидејќи нивното воспитание и културата играат голема улога во тоа. Со нив, заедничката среќа е уште поголема, а споделената тага е помала тага.

10. Супер паметни сме, ќе бидете воодушевени


Словените се мистериозни луѓе. Ќе бидете изненадени колку хакери, ИТ експерти, уметници, музичари и други брилијантни умови доаѓаат од нашиот дел од светот. Со други зборови, од најголем интерес е да имате словенски пријател.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура