X
 06.04.2024 Живот

Стаклена куќа нуди поглед кон вулканите и се наоѓа среде пустина од лава

Во пустина од лава, на само пет минути оддалеченост од градот Хела на југот на Исланд, се наоѓа оваа прекрасна стаклена куќарка за двајца. Во малиот град во кој живеат 800 жители можете да најдете базен, фитнес-сала, сауна, тобогани, бензинска пумпа, супермаркет, продавница за алкохол и медицински центар.

Хела е совршено место за да го поминете денот доколку го посетите Исланд.

 
На тајно и затскриено место можете да ја најдете оваа куќарка направена целосно од стакло, каде што можете да ги набљудувате ѕвездите од удобноста и топлината на вашиот кревет. Бањата нуди поглед кон најголемите исландски вулкани Хекла, Ејафјалајокул, Блафјол...

422 луѓе имале можност да престојуваат во оваа куќа, а 408 од нив ѝ дадоа чиста петка. Вкупната оценка е 4,97 и на тој начин стана едно од најпопуларните сместувања на „Ербиенби“. Куќата има комплетно опремена кујна со луксузни јадења и апарати, како и приватна топла када и тераса.

 
Куќата е опкружена со 500 хектари природни полиња со лава. Станува збор за уникатно сместување посветено на природата. Местото е совршен „противотров“ на брзото темпо на модерниот живот, нудејќи им на гостите извонредно искуство.

Во оваа еколошка куќа направена од стакло и дрво се чувствувате како да сте надвор, но истовремено уживате во удобноста на внатрешноста.

 
Едно ноќевање во куќата чини 671 евро.

Извор: Etto.ba
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот