X
 06.05.2017 Наука

Нил деГрас Тајсон: „Ќе летам на Марс со SpaceX ракета кога Маск ќе ја испрати и неговата мајка“

Нил деГрас Тајсон е еден од најпознатите астрофизичари на денешницата, а можете да се согласите дека го продолжи патот на Карл Сејган кој го воодушеви светот со своето неверојатно залагање за популаризација на науката, особено астрономијата.

Во онлајн разговор „Ask Me Anything“ на „Reddit“, Нил деГрас призна дека би летал на Марс со „SpaceX“ само ако извршниот директор Илон Маск би прифатил неколку услови. „Јас навистина ја сакам Земјата. Така што, за било кој пат во вселената за кој би требало да се подготвам, секогаш прво проверувам дали имам доволно средства за да се вратам“, напишал Тајсон на оваа социјална платформа.

„Освен тоа, не ода на вакво патување сè додека Илон Маск не ја испрати својата мајка и сè додека не успее да ја врати назад жива. Дури тогаш би прифатил“.

Овој одговор следуваше после прашањето за тоа што Тајсон мисли за историското лансирање на „SpaceX“ минатата недела. Тогаш еден корисник го запрашал астрофизичарот дали би отишол на пат до Марс без враќање.

Тајсон напишал дека навистина му се допаѓа ангажираноста на „SpaceX“ околу решавање на проблемот со повеќекратна употреба на „rocket booster“. „Секоја демонстрација на повторна употреба на ракета е добра работа“, напишал астрофизичарот. „Кога летаме со Боинг 747 преку океан, при крајот на патот не го фрламе авионот и не вадиме нов“.

Меѓутоа тој бил малку резервиран околу ентузијазмот во врска со „SpaceX“. На прашањето како успесите како оној на „SpaceX“ лансирањето би можеле да му помогнат на човештвото во иднина да патува на Марс, Тајсон вели дека тој е еден од најголемите поддржувачи но и најголемите критичари на проектот.

Тој смета дека проектите кои се енормно скапи и опасни, со доза на несигурност во враќање на инвестицијата, често значат лоши резултати за компаниите кои сакаат да профитираат. Најчесто владите се оние кои се впуштаат во вакви работи, тие го отвораат патот за приватните компании кои потоа учат како да дојдат до конечниот план кој нè вклучува сите нас.

„Затоа, јас мислам дека приватните компании нема да биде првите кои ќе испратат луѓе на Марс, освен ако на крајот државата не плати за тоа“, вели тој.

„SpaceX“ била само една од многуте теми на кои Тајсон зборувал со корисниците на „Reddit“.

Тој предвидел дека човештвото нема да дојде во контакт со интелигентни вонземски цивилизации во наредните 50 години. „Мислам дека сме предалеку едни од други во вселената, а можеби и во времето“.

Тој исто така го коментирал и предлогот на Трамп да се намали буџетот на НАСА за 2018 година, со што би се откажале четири научни мисии на Земјата. „Моето видување во врска со целиот план е дека целта е да се укине целокупниот мониторинг на Земјата од сите мисии на НАСА и на тој начин НАСА да се насочи да размислува само за остатокот од универзумот, а не за Земјата како дел од истата вселена. Ако оваа задача не ја преземат други агенции, незнаењето и неповрзаноста би биле катастрофални за сфаќање на нашите планети што ќе делува и врз тоа да не можеме ниту да го предвидеме сопственото влијание врз сопствената животна средина“, вели Тајсон.

Но, тој предвидува дека лидерите на иднината ќе имаат поинаква перспектива.

„Имам чувство дека новите генерации (30 години и помлади) не мислат така. Тие не се доволно стари за да бидат на позиции на шефови на агенции, корпорации и слично. Затоа, навистина со нетрпение очекувам да дојде времето кога тие ќе го преземат водството. Особено сите родени во 1995 година - годината кога ја откривме нашата прва егзопланета. Токму поради оваа причина, оваа демографска група ќе ја наречам: „Генерација на егзопланети“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука