X
 06.06.2019 Живот

Интересни работи за Шведска што веројатно не сте ги знаеле

Веб-страницата „Длокал.се“ открива факти и статистики за Шведска што би ви биле интересни.

1. Минатата година на 63.818 луѓе им било доделено шведско државјанство.

2. Ова е зголемување од 5.080 во текот на претходната година и првпат повеќе мажи од жени станаа шведски граѓани.

3. И покрај статусот на Шведска како една од технички најнапредните земји во светот, околу 7 отсто од населението немаат пристап до интернет дома, а 29 отсто од нив се на возраст од 75 години и велат дека никогаш не користеле интернет.

4. Мнозинство Швеѓани што имаат пристап до интернет ги обожаваат социјалните мрежи, слушањето музика онлјан, а две третини од 16 до 85 години велат дека го користат интернетот за да ги прават и двете работи.

svedska
Фото: Clive Tompsett/imagebank.sweden.se

5. Сите десет од најпопуларните презимиња во Шведска завршуваат со „сон“.

6. Најчесто презиме е Андерсон - 231.727 Швеѓани го имаат ова презиме.

7. Швеѓанките имаат подолг животен век од мажите во просек за три години. Просечниот животен век во 2017 година бил 84 години за жените, а 81 година за мажите.

8. Просечната возраст на која жените првпат стануваат мајки била 29 години во 2017, што претставува зголемување од една година од 2000 година.

9. Мажите чекаат подолго време да станат татковци. Во просек тие првпат стануваат татковци на 31 година. Оваа бројка во основа останала иста од 2000 година.

10. Швеѓаните ја сфаќаат демократијата многу сериозно. Одѕивот на гласачите на парламентарните избори во 2018 година изнесувал 87,2 отсто.

11. Одѕивот на гласачите во текот на европските избори минатиот месец беше многу понизок - 53,3 отсто.

12. Во април биле регистрирани 31.351 ново патничко возило, што е речиси 12 отсто намалување за разлика од минатата година.

13. Бројот на електрични автомобили на шведските патишта се зголеми повеќе од 100 пати помеѓу 2009 и 2018 година, од 157 на 16.664.

14. Над 90 отсто од шведските деца велат дека добро се согласуваат со своите родители.

15. Три од десет девојки на возраст меѓу 16 и 18 години велат дека им се обраќаат за совет на своите родители кога имаат проблеми или грижи, а само две од десет момчиња го велат истото.

16. Речиси 9 милиони хектари земја и морски подрачја се заштитени или околу 15 отсто од вкупната површина на Шведска.

17. Овој број се зголемил за 1,6 милион хектари од 2012 година.

18. Шведската економија испуштила 64,8 милиони тони јаглероден диоксид, што претставува зголемување од речиси еден отсто во текот на 2017 година.

19. Околу 13,3 отсто од возрасната популација примиле социјална помош или бенефиции во 2018 година.

20. Околу 10 отсто од населението е во постојан ризик од сиромаштија.

21. Овој број е значително повисок за оние што се родени надвор од Шведска.

22. Швеѓаните статистички имаат поголема веројатност да изнајмат отколку да поседуваат, ако живеат во зграда со повеќе живеалишта.

23. Постојат околу 8.000 фудбалски терени низ Шведска. Тие се дом на 3.200 клуба и 8.500 тима.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот