X
 06.09.2018 Живот

DOGO една година го носат среќни луѓе низ Македонија

Познатиот светски бренд DOGO деновиве го слави својот прв роденден и заокружува една успешна година исполнета со задоволни и среќни клиенти. DOGO покажува како изгледа една успешна бизнис-приказна лоцирана во центарот на Скопје.
Со многу слатки и шеќерна волна за најмладите, DOGO го прослави првиот роденден во Скопје.


Брендот DOGO веќе една година шири среќа низ нашите улици. Со својата колоритност овој бренд предизвикува позитивни емоции.
- Со гордост можам да кажам дека сите наши клиенти уживаат во дезените на DOGO и се соживуваат со брендот - изјави Антонија Брезовска, сопственичка на DOGO - Скопје.

Компанијата DOGO, која во моментов брои над 5000 оригинални дизајни достапни во повеќе од 150 продавници низ светски метрополи, како Берлин, Амстердам и Барселона, минатата година конечно ја отвори својата прва продавница и во Скопје, а можете да ја најдете во строгиот центар на улицата „Максим Горки“ (во близина на хотел „Мериот“).
DOGO, чие мото е креирање парчиња кои отскокнуваат од околината, е првиот бренд во светот што нуди чевли и чанти со испечатени оригинални дизајни.


Сите продукти што ги нуди DOGO се рачно изработени, целосно произведени од вегански материјали и со уникатен дизајн инспириран од различни градови, познати личности, музички текстови, миленичиња и четирите временски сезони. Иако главен производ на DOGO се чевли, во продавницата може да најдете и широк избор на облека и модни додатоци за мажи, жени и за деца.


Филозофијата на DOGO е да им понуди на своите клиенти комбинација на свежи дизајни. Нивните рачно изработени производи им овозможуваат на оние што се во потрага по необично и оригинално парче облека да се изразат себеси и својот креативен дух.
DOGO секогаш има примамлива понуда на комплет производи по намалени цени.


Меѓу другото, брендот силно се залага и ги поддржува сите поборници за заштита на животните и за еколошки свесно производство.


Комерцијален текст

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот