X
 30.08.2017 Живот

И Скопје дел од светот на DоGо-производите од еко-материјали и уникатен дизајн

Во повеќе од 150 продавници низ светот се распостила асортиманот од 5.000 оригинални дизајни на компанијата DоGо, која од денеска и официјално ќе отвори продавница во Скопје (на улицата „Максим Горки“, во близина на х. „Мериот“). Брендот, чие мото е креирање парчиња што отскокнуваат од околината, е првиот во светот што нуди чевли со испринтани оригинални дизајни.



Сите продукти што ги нуди DоGо се рачно изработени, целосно произведени од вегански материјали и со уникатен дизајн инспириран од различни градови, познати личности, музички текстови, миленичиња и четирите временски сезони. Иако главниот производ на DоGо се чевлите, во продавницата ќе може да најдете и широк избор на облека и модни додатоци за мажи, жени и деца. Во DoGo силно се залагаат и ги поддржуваат сите оние што се залагаат за заштита на животните и за еколошки свесно производство.

Филозофијата на овој бренд е да им понуди на своите клиенти комбинација на свежи дизајни по разумни цени. Нивните рачно изработени продукти им овозможуваат на оние што се во потрага по необично и оригинално парче облека да се изразат себеси, и својот креативен дух.



DoGo е бренд кој покрај оригиналноста на дизајните на своите продукти, со себе носи и други позначајни вредности. Почнувајќи од самиот процес на производство, DoGo располага со низа сертификати за еколошки подобно производство, што би значело дека во производството се користат технологии за избегнување и намалување на штетните влијанија врз околината. Покрај тоа, при производството не се користат никакви материјали од животинско потекло. Новите технологии на производство и тоа како го подобрија квалитетот на синтетичките материјали и повеќе кожата не претставува синоним за квалитет. Ова е особено потенцирано од страна на брендот, имајќи ги предвид нивните општествено-одговорни проекти преку кои придонесуваат за заштита на загрозените видови и на уличните животни.



Имено, на поголемиот дел од нивните производи се наоѓаат животни, а дел од своите приходи ги наменуваат за институции кои ги штитат или спречуваат нивно истребување.



-Можеби позначајно од сето ова е посветеноста на DoGo кон општествено-загрозените слоеви. Само за пример, минатата година овој бренд произведе цела колекција на чевли и облека со цртежи направени од деца со Даунов синдром. Овој бренд води силна битка и веќе постигнува големо влијание при разбивањето на негативните ставови, дискриминацијата и маргинализирањето на децата и возрасните со Даунов синдром, а со крајна цел тие успешно да се интегрираат во општеството – велат од менаџерскиот тим во Скопје.


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот