X
 07.02.2021 Наша тема

Демотивацијата на талентираните ученици, животот во студентски дом, вакциницијата, да се најде работа и изгради кариера... Што истражувавме?

Во случај да пропуштивте...
Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:


Професори, сослушајте нѐ! Седиме на предавања кои сумативно траат четири или повеќе часа дневно и предизвикуваат главоболка од интензивно време поминато пред екран. Под површината ние на моменти сме исцрпени, балансирајќи ги академскиот стрес, финансиската несигурност и битките со менталното здравје, пишува Стефан Митиќ, студент на Њујоршкиот универзитет во Абу Даби

Станарите во студентските домови немаат каде да се исперат. Бараат да се отворат пералниците! Виктор Велевски, новиот директор на Државниот студентски центар, вели дека пералниците се затворени уште во моментот кога била прогласена пандемијата на Ковид-19.

Од Ковид-19 ни починале 22 здравствени работници: Во првата фаза од планот за вакцинација предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови, со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување инфекција.

Уникатната битолска архитектура и старите приказни за Хаџи Коста, Патче, Ататурк, Замаули... преку мобилната туристичка апликација на Зоран Ѓоргиев: Тој се надева дека по завршувањето на светската пандемија на Ковид-19, бесплатната апликација ќе придонесе да се зголеми туризмот во Битола.

Пресметајте го вашиот ковид-ризик. Калкулатор на МЗЗПР кој помага за заштита на работното место: Тој практично одредува можна клиничка слика при зараза со вирусот, ако се внесат сите точни параметри од здравствената состојба на едно лице. Тоа значи дека резултатите се индивидуални, а за нивно добивање потребно е да се внесат категории за одредени заболувања, како и возраст, висина и тежина.

Во пресрет на номинациите: Дали „Врба“ е оскаровски филм? Од досегашните успеси на македонските наслови на „Оскарите“ тешко може да се направи образец, но да се обидеме вака: македонската кинематографија досега има забележано 4 номинации во три категории.

Кога ќе стигнат вакцините: Ќе можеме ли да одбираме со која ќе се вакцинираме? Иако Македонија сè уште нема почнато со вакцинација против Ковид-19, граѓаните очекуваат дека ќе имаат можност за избор на вакцина, ако се набават од повеќе производители. Министерот Филипче вели дека тоа ќе зависи од динамиката на пристигнување на вакцините.

Да не беше пандемијата, ќе имаше блокади и протести поради превисоките студентски трошоци, вели Борјан Ефтимов, претседател на УСС на УКИМ: Непотребните трошоци што ги имаат кон универзитетот, нереспонзивните професори, чекањето ред на студентски прашања, се само дел од проблемите на студентите на факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Државата одби да го награди штипскиот Питагора: Од МОН велат дека постапиле по закон, а ќе добие награда од Општина Штип: Несомнено е дека се работи за талентиран ученик кој заедно со својот ментор вложил многу труд за постигнување на успехот на државниот натпревар на кој учествувал. Но, законската регулатива не дозволува тие да го остварат правото за кое аплицирале во МОН, велат оттаму.

Поучен од својот трнлив пат до успехот, скопјанецот Дамир сега им помага на младите да ја најдат идеалната работа во странство: Мојот прв „бизнис“ беше скришум. Имено, за време на еден летен распуст, мислам дека имав девет години, видов дека на продавачите на пазар им е топло и најдов начин да ги освежам продавајќи им ладни сокови. Од заработката си ги купив патиките што ги посакував, вели Дамир

Бразилката Таила Фариас од тетовскиот ФК Љуботен: Прво што сакав да пробам кога дојдов беше бурек
Секогаш ми велеа дека Европејците се студени луѓе. Дека не се отворени едни кон други и дека не се гушкаат многу, но тука запознав многу љубезни и дружељубиви луѓе. Вие сте како нас, Бразилците. Разговарате со сите, се гушкате, се спријателувате и мислам дека тоа е многу важно и убаво, вели Фариас, која во Љуботен пристигна од редовите на Ботафого, а претходно има настапувано и за Васко де Гама

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема