X
 07.06.2021 Живот

Паркинг-место продадено за рекордна цена од 1,3 милион долари во Хонгконг

Паркинг-место во Хонгконг е продадено за рекордни 1,3 милион долари.

Ова беше едно од неколкуте места продадени во ултралуксузната станбена област „Пик“.

Хонгконг е толку преполн што, место за живеење или паркинг може да постигне огромна цена.

Глобалниот финансиски центар честопати е на врвот на листата со најскапите места за живот во светот.

Претходната рекордна цена за паркинг-место исто така беше во Хонгконг, во 2019 година достигна 980.000 долари.

Како и повеќето големи градови, и Хонгконг разви огромен шпекулативен пазар за имот. Во последните месеци неговиот лукаузен домашен пазар забележа рекордни трансакции откако довербата на купувачите полека се врати поради стивнувањето на пандемијата.

Во мај, куќа во луксузната област „Пик“ достигна рекордна цена за изнајмување од 21.000 долари месечно.

Извор: ВВС
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот