X
 08.06.2018 Технологија

Vip Experience - Марија Богдановска: Секогаш внимателно избирајте каде ќе работите

Компаниите во кои работела претходно биле помали, па вклучувањето во компанија од калибарот на Вип претставувало голем предизвик за неа

- Мојата приказна со Вип започна во 2013 година кога се пријавив на објавениот конкурс за отворена работна позиција Business Intelligence Specialist. Моето 6-годишно работно искуство во ИТ-индустријата беше карта за влез во оваа престижна компанија – вели Марија Богдановска, која работи како Business Intelligence Specialist, работна позиција за која Вип бара нов кадар.

Компаниите во кои работела претходно биле помали, па вклучувањето во компанија од калибарот на Вип претставувало голем предизвик за неа.
- Сепак, успеав да се вработам, а со тоа и да ја започнам оваа приказна која сѐ уште трае.
Нејзините работни обврски вклучуваат претворање на бизнис-потребите во технички решенија, развој и имплементација на ETL процеси, дизајнирање, градење и развивање на BI и DWH модели, анализа и правење извештаи за специфични бизнис-процеси.
- Одговорноста што ја имам е голема поради тоа што извештаите кои ги креираме често влијаат врз насоките по кои се движи компанијата, а има и такви што се наменети за регулаторните тела на Република Македонија. Работниот ден во Вип ми поминува многу брзо поради разновидноста на активностите што ги имам. Овие активности вклучуваат работа пред компјутер, состаноци, едукативни работилници и, се разбира, дружење со колегите. Покрај тековните работни задачи, често се случува да добијам барања од другите сектори кои внесуваат динамика во работењето – раскажува Богдановска.



Истражувач во ИТ-светот

Вели дека растела во времето на почетоците на интернетот и сѐ што значи информатички технологии. Тоа било почеток на една нова ера, а сѐ што е ново предизвикува интерес и желба за истражување кај повеќето млади луѓе, меѓу кои била и таа.
- Секој човек е истражувач, а јас одбрав да бидам истражувач во ИТ-светот. Отсекогаш ме привлекувале природните науки. Последователно на тоа беше моето образование да го продолжам на некој од техничките факултети. Поради подемот на интернетот и информатичките технологии, моето образование го продолжив на Електротехничкиот факултет во Скопје, на отсекот КТИА.

Тоа што Вип е дел од А1 групацијата нуди големи можности за развој на кариерата, како во компанијата така и во групацијата. Желбата на компанијата да биде во тек со најновите телекомуникациски достигнувања им овозможува константен развој на своите вработени.
- Мислам дека последново е доволен предизвик за секој што сака да работи во ИТ-индустријата. Вип е компанија која постојано се грижи и вложува во едукацијата на своите вработени. Еден дел од едукативната програма е порталот SABA, каде што секој вработен може да следи обуки од областите што го интересираат. Освен тоа, како дел од А1 Телеком Австрија, во Вип имаме можност да работиме на интернационални проекти со тимови од сите оператори, да организираме работилници и да разменуваме искуства. Сето ова придонесува за брз и професионален развој на вработените – вели Богдановска.

За младите има еден важен совет: „Секогаш внимателно одбирајте каде ќе работите“.
- Добрата работна средина е од најголема важност за вашиот професионален развој. На ова би ги додала и сите сегменти на индивидуалниот развој поради тоа што поголемиот дел од денот го поминувате таму. Вип ги исполнува сите критериуми на една здрава работна средина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија