X
 09.06.2018 Технологија

Vip Experience - Златко Павловски: Бизнис-училиштето на А1 Телеком Австрија групацијата ни овозможува обуки за најновите технолошки трендови

Златко Павловски работи како Service Quality Assurance Specialist, позиција за која Вип бара нов кадар – Vip Experience.

Златко Павловски, вработен во компанијата Вип како Service Quality Assurance Specialist, е пример дека образованието не треба да биде пречка во остварувањето на желбите кога е во прашање сопствената професија. Тој е архитект по струка, но дополнително се дообразовал во областа на ИТ и телекомуникации. Во Вип почнал да работи со спојувањето на двете компании ОНЕ и Вип, кое се случи пред неколку години.
Како дел од техничкиот сектор во ОНЕ, се здобил со обемно знаење и искуство кое му користи и при извршувањето на сегашната позиција.

Павловски работи како Service Quality Assurance Specialist, позиција за која Вип бара нов кадар – Vip Experience.
- Мојата работна позиција подразбира одговорност кон обезбедување квалитет на услугите што треба да ги задоволуваат поставените стандарди за квалитет, односно да се обезбеди континуирана усогласеност со барањата за квалитет и регулатива во телеком-индустрија. Тоа подразбира опширно тестирање на производите пред нивното крајно пуштање во употреба – објаснува Павловски.

Денот е совршен со доброто расположение на колегите

Работниот ден му почнува динамично, со состанок на тимот за да се направи краток преглед на веќе започнатите проекти и нивната реализација, со цел запазување на крајните рокови кои се однапред поставени.
- Самата работа е многу интересна и го прави денот да биде исполнет, почнувајќи од самото пишување и преглед на плановите за тестирање, изведувањето на тестовите, до откривање можни грешки и истражување на причините што довеле до нив. Но денот не би бил совршен без доброто расположение на колегите и заедничката соработка – вели тој.



Павловски ја започнал кариерата во сосема друго поле, но вели дека со самото префрлување и спознавање повеќе го засакал ИТ-делот.
- Тој на свој начин е совршен за сите оние што се во потрага по предизвици во својата работа затоа што кога ќе размислите, неверојатно е колку светот се променил благодарение на технологиите што денес луѓето ги имаат во нивните џебови. Тимот во компанијата е исто така одличен и има позитивна корпоративна култура, самата компанија е брзорастечка и инвестира во обезбедување обуки и развој на своите вработени. Самиот процес има предизвикувачки рокови, а тоа прави да нурнеме длабоко со цел работата да биде завршена навреме – раскажува Павловски.

Едно од најпозитивните искуства во Вип му е грижата на компанијата за професионалниот развој на вработените.
- Како дел од А1 Телеком Австрија групација, постои таканаречено ТАГ бизнис-училиште, кое е посебна единица што се грижи вработените постојано да добиваат обуки со цел да бидат во чекор со најновите технолошки трендови. Дополнително секој вработен ја има на располагање онлајн-платформата за учење SABA, преку која може да пристапи и да одбере курс што би сакал да го следи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија