X
 08.08.2023 Живот

Оваа епизода од „Симпсонови“ се смета за толку навредлива што е забранета во Јапонија

Серијата „Симпсонови“ постои повеќе од три децении и често е предмет на контроверзии.

Кога серијата почнала да се емитува, самото постоење на Барт Симпсон се сметало за богохулство. Како што минувале годините, „Симпсонови“ биле на удар на критики поради шегите кои биле погрешно толкувани, а имало и некои епизоди кои не им се допаѓале на сите.

Всушност, постои епизода што никогаш не била емитувана во Јапонија. Станува збор за епизодата „30 минути над Токио“ (англ. 30 Minutes Over Tokyo), која го означи крајот на 10. сезона. Во оваа епизода јапонскиот император е прикажан како сумоборач во танга, што беше сфатено како неверојатно навредливо во Јапонија, па било одлучено епизодата никогаш да не се емитува. Освен тоа, епизодата вклучува пародии на јапонски емисии и јапонската култура воопшто.

Една година подоцна, епизодата од 11. сезона, наречена „Малата голема мајка“ (англ. „Little Big Mom“) исто така не беше емитувана во Јапонија поради прикажувањето на лепра. Имено, историјата на лепрата во Јапонија била преполна со толку многу политички последици, што оваа епизода никогаш не беше прикажана на јапонските тв-канали.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот