X
 08.11.2018 Образование

„Наш свет“ во вашиот свет!

Списанието кое едуцира, информира и забавува генерации ученици од шесто до деветто одделение со децении, продолжува да предизвикува љубопитство и амбиција, да претставува позитивни модели на однесување, да поттикнува на истражување и креација. Притоа, следејќи ги најновите трендови во дизајнот и визуелното обликување.

Па така, „Наш свет“ продолжувајќи ја својата традиција на посветеност на тинејџерите, на своите страници ви носи две нови, возбудливи рубрики:

Популарната писателка Ана Бунтеска, преку својот тин-роман „Девојчиња и момчиња“ што се објавува во продолженија во „Наш свет“, ве носи во светот на тинејџерството, другарството, љубовта... Бидете дел од доживувањата на Нина, Јован, Теди, Сергеј, Ина, Марија, Филип и Борјан и ќе видите дека многу од работите што ве мачат ги преживуваат сите тинејџери.

Дружете се и со Стефонатор, еден од вашите најомилени јутјубери, во секој број на „Наш свет“. Со него и неговите „Зачудувачки факти“ научете неверојатно интересни и корисни нешта! Стефонатор ве води од едниот крај на светот до другиот, па и малку подалеку!







(комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование